Бил малку пијан и се занел – Џастин Тимберлејк се чувствува виновно за скандалот со Алиша Вејнрајт
- Детали
- четврток, 28 ноември 2019
Пред некој ден папараците го „уловија“ Џастин Тимберлејк како се држи за рака со неговата колешка Алиша Вејнрајт.
За „скандалот“ да биде уште поголем, Џастин не ја носеше бурмата.
Наводно, сега пејачот се чувствува виновно за целиот настан и сака да ги исправи работите со сопругата Џесика Бил.
Но, според најновите информации од блиски извори на пејачот, таа вечер 38-годишниот Џастин бил малку пијан и се занел. Во меѓувреме, 37-годишната Џесика се обидувала целата ситуација да ја гледа како смешна.
Всушност, актерката беше забележана следниот ден со нејзиниот веренички прстен.
Парот се обидувал да не ја сфаќа ситуацијата сериозно и дефинитивно не ѝ се заканува крај на нивната врска.
Сепак, Џастин бил свесен дека таквото однесување ќе направи секоја сопруга да се чувствува непријатно, па затоа ќе направел сè за да ѝ надомести, споделуваат блиски извори.
Спирова С. | Црнобело