Кајли Џенер и Клои Кардашијан во ноќен клуб со бившите Тајга и Ламар Одом
- Детали
- понеделник, 07 октомври 2019
Минатата недела Кајли ја најави нејзината разделба со Тревис Скот. Неколку денови подоцна, таа беше забележана покрај студиото на нејзиното поранешно момче, Тајга, а изгледа нивното пријателство уште трае.
22-годишната Кајли била забележана во ноќен клуб во Западен Холивуд, со нејзината сестра Клои. Во истиот клуб се наоѓале и Тајга и Одом, бившите момчиња на сестрите.
Клои сподели и фотографија на нејзииот Instagram профил:
Кајли пристигнала околу 1 часот наутро, а за Тајга е познато дека излегол од ноќниот клуб околу 2 часот.
Одом Ламар, пак, бил забележан како излегува од истиот ноќен клуб, со неговата сегашна девојка.
Кога се појавија гласините за посетата на Кајли на студиото на Тајга, таа се огласи на нејзиниот Twitter профил:
„Интернетот прави сè 100 пати подраматично. Немаше состанок со Тајга. Ме видовте како оставам двајца пријатели, во студиото каде што се наоѓаше и тој.“
Истовремено, Кајли сподели дека таа и Тревис се во добри односи и дека засега, приоритет им е нивната ќерка Сторми.
Travis and i are on great terms and our main focus right now is Stormi ‼️ our friendship and our daughter is priority
— Kylie Jenner (@KylieJenner) October 3, 2019
Кајли има изјавено и дека се пријатели со Тајга и дека одвреме-навреме налетуваат еден на друг. Сепак, помеѓу нив немало ништо повеќе.
Спирова С. | Црнобело