Кајли Џенер и Тревис Скот „на пауза“ по 2 години врска
- Детали
- среда, 02 октомври 2019
Според изворот на веб-сајтот E! News, Кајли Џенер и Тревис Скот прават пауза, после 2 години заедно.
„Кајли и Тревис не раскинуваат официјално, туку им треба простор. Повторно имаа несогласувања, но сепак се гледаа изминатиов месец. Се расправаа за смешни работи и Кајли може да биде навистина скептична во врска со Тревис“, споделил изворот на веб-сајтот.
Наводно, и двајцата одлучиле дека е најдобро да бидат одвоени додека да се смири ситуацијата.
Тревис бил во неговиот дом во Беверли Хилс, а Кајли му дозволувала да ја види Сторми.
Според гласините, Кајли и Тревис биле разделени уште минатиот месец.
Покрај тоа, изминативе неколку дена, Кајли беше во Јужна Каролина за венчавката на Џастин Бибер и Хејли, заедно со ќерката Сторми, но без Тревис.
https://www.instagram.com/p/B3FCf7eHzDy/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=dlfix
Парот последен пат е виден заедно на 27-ми август, а Кајли нема објавено ништо заедничко од 10-ти септември
Минатиот март парот заедно отиде на одмор, после гласините дека Тревис наводно ја изневерувал Кајли.
https://www.instagram.com/p/B2O7f2wnzwe/
22-годишната Кајли и 28-годишниот Тревис прв пат се појавија заедно во 2017-ма година, за време на фестивалот Coachella. Неколку месеци подоцна, Кајли остана бремена, а во февруари 2018-та, ја роди Сторми.
Според изворите, ова не е прва разделба на парот. Засега, нивниот статус бил комплициран, но сепак биле сингл.
Спирова С. | Црнобело