По забава со другарките, Кајли Џенер продолжи кај бившиот Тајга во 2 по полноќ (фото)
- Детали
- четврток, 03 октомври 2019
Откако раскина со Тревис Скот, Кајли излезе со другарките да се забавува, а во 2 по полноќ беше забележана како со Rolls Royce оди во студиото на бившиот дечко.
Според светските медиуми, Тревис Скот и Кајли Џенер решиле да направат пауза од 2-годишната врска, а на Кајли не ѝ требаше долго да му се врати на бившиот.
Пред неколку дена таа се забавувала со другарките, а од забавата, со Rolls Royce била однесена до хотел каде бившиот дечко Тајга работел во студио.
Таа била забележана како во 2 по полноќ влегува со двете другарки од автомобилот и се упатува кон хотелот, а 1 час подоцна двете девојки излегле од истиот излез, додека на Кајли ѝ се „изгубил трагот“.
Според изворите, наводно Кајли била во добри односи со Тајга и повремено се дружеле, но дали оваа вечерна посета би можела да значи нешто повеќе?
М. М. | Црнобело