10 познати семејни ривалства низ историјата
- Детали
- сабота, 06 јули 2019
Само затоа што сте крвно поврзани со вашите браќа или сестри, не значи дека мора да ги сакате. Понекогаш, едноставно, членовите од семејството не се согласуваат, а приказните во продолжение се доказ за тоа.
Погледнете ги некои од најпознатите и најинтересните семејни ривалства низ историјата:
Сестрите Болејн
Ова кралско ривалство заслужува место во книгите по историја. Сестрите Мери и Ен Болејн се скарале за Хенри VIII, кога британскиот крал прво ја одбрал Мери за негова љубовница, но потоа ја оставил за да се венча со Ен.
И покрај тоа што таа станала кралица, оваа војна ја добила Мери. Ен била обезглавена од нејзиниот сопруг.
Сестрите Вилијамс
Легендарните тенисерки Венус и Серена Вилијамс се разорна сила кога играат во пар. Но, кога се натпреваруваат една против друга, нештата можат да станат непријатни.
Сестрите се соочиле вкупно осум пати, а и двете изјавиле дека не уживаат во тоа. Серена била навистина вознемирена кога Венус ја победила два пати по ред.
Сепак, таа е постарата сестра и сака да се бори за нејзината титула.
Каин и Авел
Изгледа дека ова е првиот семеен спор. Каин и Авел биле децата на Адам и Ева, но не го гледале новосоздадениот свет на ист начин.
Во Библијата, Каин (првородениот) го убива својот брат кога на Бог повеќе му се допаѓа жртвата на Авел.
Џим и Џон Харбо
Спортот може да биде навистина натпреварувачки. А кога двајца браќа се тренери чии тимови се на игралиштето, сигурно ќе се случи нешто лошо.
Најлошиот настан бил кога браќата се соочиле на натпревар на Superbowl XLVII во 2013-а година, а ракувањето после утакмицата било навистина интересно.
Сестрите Ендру
Додека Лаверн, Максин и Пети биле трио што ги освојува топ листите, во приватниот живот сестрите не зборувале една со друга.
Подоцна, Пети дури и ѝ се придружила и на друга група без да ги извести нејзините сестри.