10 познати семејни ривалства низ историјата
Oasis
Лиам и Ноа Галагер се познати по нивните битки на Твитер, нивните физички тепачки, како и правни борби. Првата позната расправа била во 1994-та година, кога Лиам го удрил Ноел со тамбура.
Оттогаш, никогаш не ги исправиле нештата. Во 2018-та година имаа уште една навистина јавна битка, кога Ноа изјави дека нема намера повторно да го собере бендот.
Пума и Адидас
И во овој случај станува збор за семејно ривалство. Расправата почнала уште со основачите на компанијата. Во 1920-та година, браќата Адолф и Рудолф Даслер направиле компанија за чевли во собата на мајка им.
Како што цутел бизнисот, растела и напнатоста помеѓу нив. Втората светска војна официјално ги разделила и Адолф ја основал Адидас, а Рудолф - Пума.
Оливија и Џоан Фонтејн
Оливија и Џоан се добитнички на Оскар и познати по нивните филмски улоги во 30-тите и 40-тите. Наводно, нивниот спор започнал уште во детството, кога се натпреварувале за вниманието на нивната мајка.
Потоа продолжиле да се расправаат за мажи, филмски улоги, па дури и Оскар. Сестрите немаат прозборено 30 години, а Џоан тврди дека Оливија не ѝ кажала кога починала мајка им.
Од друга страна, Оливија вели дека Џоан била презафатена за да присуствува на погребот.
Ерик и Џулија Робертс
Веројатно ја знаете актерката Ема Робертс и сигурно ја знаете тетка ѝ, Џулија Робертс. Но, дали знаевте дека постои и Ерик Робертс?
Ерик е помалку познат актер од ова семејство, а изгледа ова му е јасно. Џулија ѝ помогнала на неговата поранешна сопруга да добие старателство за Ема, па сега тие двајцата не зборуваат.
Ким и Роб Кардашијан
Изгледа дека ниту една листа не поминува без семејството Кардашијан, а во овој случај навистина е тешко да се избере една расправија.
Во минатото, Роб ја споредувал Ким со главниот лик од Gone Girl – жена која го лажира нејзиното убиство со надеж дека ќе му го уништи животот на сопругот.
Ким му ја вратила „услугата“ отежнувајќи му го периодот кога Роб имал проблеми со менталното здравје, па дури и му ја навредувала девојката.
Спирова С. | Црнобело