Сè што знаеме за приватната крштевка на Арчи, синот на Меган и Хари
- Детали
- вторник, 02 јули 2019
Поминаа речиси два месеца од раѓањето на Арчи, синот на Меган Маркл и принцот Хари, а ова значи дека наскоро треба да ја очекуваме и неговата крштевка.
Наводно, војводата и војвотката од Сасекс планираат „приватна“ крштевка за нивното малечко. Иако службата секогаш е приватна, понекогаш фановите можат да ги видат членовите на кралското семејство додека пристигнуваат на големиот настан, исто како за крштевката на децата на Вилијам и Кејт.
„Ова не е толку различно, бидејќи сите кралски крштевки се приватни. Навистина, не треба да ѝ е грижа на јавноста, иако таблоидите го критикуваат парот за нивната одлука за одржување на крштевката во приватната капела во замокот Виндзор“, изјавила Марлин Коеинг, експерт за кралското семејство.
Ако гласините се точни, ова не треба да ги изненади фановите на Хари и Меган. Сепак, парот ги држеше деталите за планот за раѓањето на бебето во тајност. Покрај тоа, фановите ретко го имаат видено Арчи од неговото раѓање.
Фановите на кралското семејство истакнуваат дека и Меган беше крстена на приватна церемонија пред да се венча со Хари. Истовремено, и за двајцата е познато дека понекогаш го кршат кралското протокол.
Но, фановите сепак се љубопитни за овој настан, па прочитајте што се знае досега:
Според извештаите, церемонијата ќе се одржи овој викенд.
Се очекува да биде во приватната капела во замокот Виндзор. Според Коеинг, парот побарал церемонијата да се одржи овде, бидејќи капелата беше речиси целосно уништена од пожар во 1992-ра година, а подоцна реновирана.
Иако родителите на Арчи живеат под окото на јавноста, изворите велат дека војводата и војвотката го сметаат син им за „приватен граѓанин“ и навистина сакаат да го „заштитат“.
Исто така, ова не е прва приватна кралска крштевка. И принцот Ендру и принцот Едвард биле крстени приватно. Имено, Коеинг истакнала дека било навистина необично што Вилијам и Кејт им дозволиле на медиумите да бидат присутни за време на пристигнувањето и заминувањето на кралското семејство.
Кумовите на Арчи сè уште се непознати, но постојат некои гласини. Многумина шпекулираат дека Џорџ и Амал Клуни ќе ја имаат оваа титула.
Кога станува збор за облеката на Арчи, тој најверојатно ќе ја носи наметката за крштевање што ја носеа и неговите братучеди.
Наметка е реплика на оригиналот, кој бил направен во 1841-ва година за крштевањето на најстарата ќерка на кралицата Викторија. Истата била носена од неколку членови на кралското семејство, вклучувајќи ги Хари, Вилијам, Чарлс и Елизабета.
После години носење, кралицата ја „пензионирала“ наметката и побарала од Ангела Кели да направи рачно изработена реплика, која ја носеа децата на Кејт и Вилијам.
Медиумите нема да имаат пристап до настанот, но кралскиот пар ќе ја следи традицијата и најверојатно ќе објави официјален портрет после крштевката.
Спирова С. | Црнобело