Принцот Хари има само едно барање кога престојува во хотел
- Детали
- петок, 05 јули 2019
Хари е скромен и се вози со комерцијални летови, но го иритира кога хотелите не внимаваат на природата.
Принцот Хари е еден од најскромните кралски припадници кога станува збор за патувањата.
Тој често користи комерцијални летови, но кога престојува во хотелите има едно барање – да не се користи пластика.
Еден негов пријател откри дека Хари мрази пластични предмети за една употреба затоа што тоа ѝ штети на природата. Не сака пешкири во пластични ќеси или пак кафе со пластична лажичка.
Принцот секогаш замолува да не се користи пластика. Слични размислувања има и неговиот татко принцот Чарлс, кој всушност му ја пренел љубовта кон мајката природа.
С. С. | Црнобело