Ги однесе децата до излог каде позира гола со скапи чанти - Џорџина Родригез на семејно патување во Лондон (фото)
- Детали
- среда, 27 ноември 2024
Ги однесе децата до Guess продавница каде на излогот мама позира гола со чанти, ги прошета низ украсениот град, а тие ѝ приредија слатко изненадување во хотелската соба – Џорџина Родригез беше на кратко патување во Лондон, каде покрај работата, уживаше и во семејни моменти со своите наследници.
Џорџина Родригез беше на кратко бизнис + семејно патување во Лондон, каде освен работните ангажмани, не пропушти шанса да ужива и со нејзините три деца, Матео, Ева и Алана Мартина, кои ги има со Роналдо.
На Инстаграм таа објави фотоалбум со некои од најубавите моменти кои ѝ оставиле впечаток од краткото патување.
Таа гордо е застаната заедно со децата пред излог на Guess, каде е поставена нејзина фотографија, на која гола позира со неколку чанти од брендот.
За време на патувањето, Џорџина не пропушти прилика да оди во теретана и да го покаже нејзиното фит тело, но откри и дека лицето го одржува со миење во вода со мраз.
Освен прошетките низ градот и посета на туристички атракции, како и уживањето во вкусна храна по ресторани, таа со фановите сподели и дека децата ѝ приредиле слатко изненадување.
„Имаме изненадување за тебе“ – напишале тие на ливче закачено на хотелската врата, а на следната фотка се сите заедно во спалната, каде ѝ оставиле неколку рози и цртежи со пораки за мама.
Фановите на семејството пак, коментираат дека е посветена мајка и дека им се допаѓа тоа што децата ја следат секаде, дури и кога работи, а таа наоѓа време и за нив во тие моменти.
Пред да пристигне во Лондон, партнерката на Роналдо објави фотка од приватен авион и се пофали дека патува со стил.
Погледнете повеќе фотки од патувањето на Џорџина во Лондон:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





