Кејт Бекинсејл си го фати 20 години помладиот бивши свршеник на Аријана Гранде
- Детали
- понеделник, 04 март 2019
Новото момче на 45-годишната актерка е само 5 години постаро од нејзината ќерка.
Кејт Бекинсејл (45) разменуваше нежности со 25-годишниот Пит Дејвидсон на хокејски натпревар во Њујорк.
Актерката страсно се бакнуваше со поранешниот свршеник на Аријана Гранде, кој на вратот сè уште ја има тетоважата срце која ја направи во чест на Аријана. Тие се свршија по само неколку седмици состанување, но ја раскинаа свршувачката по неколку месеци.
Новото момче на Кејт е само 5 години постаро од нејзината ќерка Лили. Кејт зад себе има брак од 10 години со режисерот Лен Вајсмен, кој заврши во 2016 година поради непомирливи разлики.
Инаку Кејт и Пит слободно шетаат фатени за рака низ Њујорк и не се кријат од папараците.
Фотки од парот:
С. С. | Црнобело