„Не е вистинско време“: Аријана Гранде ја раскина свршувачката, по смртта на бившото момче
- Детали
- понеделник, 15 октомври 2018
Аријана Гранде и Пит Дејвидсон беа само неколку недели во врска, кога во јуни таа се појави со веренички прстен.
Двајцата често искажуваа љубов во јавност, а постојано правеа и заеднички тетоважи посветени еден на друг.
Но, по само неколку месеци заедно, Аријана и Пит викендов решиле да ја раскинат свршувачката, според TMZ.
Наводно, ова не било вистинско време за тие да продолжат со нивната врска, иако помеѓу нив уште има љубов.
Аријана поминуваше низ тежок период со оглед на смртта од предозирање на нејзиното поранешно момче, за што многумина ја обвинуваа и критикуваа, а малку подоцна се огласи на Инстаграм.
Иако Аријана и Пит беа само неколку месеци заедно, сепак многумина се изненадени од веста за раскинувањето на свршувачката и разделбата.
Но, имало знаци кои укажувале на тоа, иако многумина ги пропуштиле:
Пит покрил една од неговите тетоважи наменета за Аријана (уши од зајче зад увото кои се претвориле во срце)
https://twitter.com/zacheese1/status/1048778962195947525/photo/1
Аријана на Твитер споделуваше многу емотивни изјави
Дел од нив беа: „Изморена сум“, „Само разбудете ме кога ќе треба да пеам или што и да е“ и „Може ли ве молам да имам само еден нормален ден. Само еден. Ве молам.“
https://twitter.com/ArianaGrande/status/1045425856406065154?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1045425856406065154&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.cosmopolitan.com%2Fentertainment%2Fcelebs%2Fa23765117%2Fariana-grande-pete-davidson-breakup-signs-reason%2F
Парот не присуствуваше на ЕМИ наградите, иако Пит бил номиниран
М. М. | Црнобело