Пред кого ќе мора да се поклонува Меган Маркл?
- Детали
- среда, 23 мај 2018
Меган Маркл вчера за првпат се појави на официјален кралски настан, откако стана Војвотката од Сасекс, по венчавката со принцот Хари.
Бидејќи кралските традиции се малку комплицирани, сите се прашуваат како титулата Војвотка од Сасекс ќе влијае на правилата кои Меган мора да ги почитува. А, едно од основните е поклонувањето.
Со новата титула, Меган ќе мора да продолжи да ѝ се поклонува на кралицата Елизабета, очигледно, но ќе мора да потклекнува и пред Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, со оглед на тоа што Вилијам е прв во редот до тронот.
Принцот Филип, принцот Чарлс и неговата сопруга Камила исто така мора да примат чест од Меган во облик на потклекнување.
36-годишната некогашна актерка, заедно со новата титула ќе мора да оддаде почит и кон принцезите со кралска крв, родени како кралски членови - принцезите Ана и Александра.
Пред ќерките на принцот Андреј пак, принцезите Беатрис и Јуџин, Меган ќе се поклони само ако не е во присуство на Хари. Доколку Хари е до неа, тие ќе мора да ја поздрават со поклон.
М. Д. | Црнобело