Прв ангажман по бременоста: Катарина Ивановска на фотосесија во Грција (видео)
- Детали
- петок, 16 март 2018
Бело-сина куќичка со базен и поглед на море, навистина инспиративна дестинација за „канцеларија“, зарем не?
По раѓањето на синот Вања, Катарина Ивановска брзо се врати во форма. Константните фитнес тренинзи, како и негата на лицето со разни маски и третмани, вродија со плод.
Tаа само десетина месеци по породувањето ѝ се врати на својата кариера како модел.
На својот Инстаграм профил Катарина откри дека периодов го има првиот ангажман по паузата што ја направи.
Работи на фотосесија на грчкиот остров Парос.
Островот не е меѓу најпознатите грчки острови, но е идеално место за одмор поради прекрасните плажи и малите, интересни куќички со сини врати и бели детали.
Токму овие куќички се главното обележје на островот, а и Катарина престојува во една таква.
Таа е пресреќна што им се враќа на работните ангажмани и што за прва дестинација добила токму вакво прекрасно место:
С. С. | Црнобело