Камерон Диаз се пензионира од актерството за да се посвети на приватниот живот
- Детали
- понеделник, 12 март 2018
Камерон Диаз наводно се пензионира од актерството, според нејзината блиска пријателка, Селма Блер.
Таа изгледа случајно ја откри веста при разговор за продолжение на нивниот заеднички филм „The Sweetest Thing“.
„Бев на ручек со Камерон пред некој ден, се присеќававме на филмот. Би сакала да има продолжение, но Камерон се пензионира од актерство. Таа мисли дека ѝ е доволно.“ – изјавила Селма.
„Мислам, не мора да прави нови филмови. Има супер живот, не знам што би било потребно за да ја вратиме назад. Таа е среќна.“ – продолжила пријателката на Камерон.
Последниот филм во кој Диаз глумеше е филмот „Annie“ од 2014-та, а оттогаш не се појавува на филмското платно и избегнува настани и црвен тепих.
Актерката досега глумеше во многу популарни филмови и изгледа сака да се посвети на приватниот живот и на нејзиниот сопруг.
„Таа е среќна, заљубена и сака максимално да ја искористи слободата и слободното време“ – велат извори, иако сè уште нема официјална потврда за гласините.
М. М. | Црнобело