Анџелина Џоли го одолговлекува разводот од Бред Пит
- Детали
- четврток, 10 август 2017
Постапката за развод на Анџелина Џоли и Бред Пит изгледа е стопирана, според тврдењата на нивни пријатели.
Во последно време многу извори почнаа да тврдат дека парот, кој имаше многу јавно и тешко разделување во септември 2016-та, сѐ уште нема мрднато нанапред со постапката за да стават крај на нивниот брак.
„Разводот нема да се случи. Тие не прават ништо веќе неколку месеци за постапката да оди нанапред и никој не мисли дека некогаш ќе направат.“ – вели близок извор.
Причината за одолговлекувањето на легалните постапки е веројатно тоа што Бред се отвори во интервју за неговиот проблем со пиењето и се откажал од алкохолот.
Пријател на Џоли, кажал дека посветеноста на самоподобрувањето ја допрело актерката, која наводно претходно изјавила дека би размислила за смирување, ако тој покаже дека е посветен на грижата за семејството.
Изворот додаде дека Бред се „исчистил“ за да ја придобие повторно и дека чекорот кон откажување од алкохолот бил сѐ што таа некогаш сакала.
„Сите мислат дека ќе се смират. Не би било чудно ако соопштат дека го откажуваат разводот и се обидуваат да ги поправат работите.“ – продолжува изворот.
Други извори велат дека процесот на разведување е значително забавен, но дека нема реална промена и дека актерите се во добар однос само за доброто на нивните деца.
Фактот дека се во добар однос заради нивните деца и уште многу други работи за нивната разделба, неодамна ги откри и Анџелина во нејзиното интервју за „Vanity Fair“.
Бренџелина беа заедно 12 години пред да ја започнат постапката за развод во 2016-та и имаат 6 деца.
Останува да чекаме официјални информации за нивниот однос и планови во иднина.
Дотогаш, потсетете се на љубовната приказна на Бренџелина.
М. М. | Црнобело