„Моето пиење стана проблем“ - Бред Пит искрено зборува за разводот
- Детали
- среда, 03 мај 2017
Бред Пит денес го направи својот камбек со три насловни страни за GQ магазинот и ексклузивно интервју.
53-годишниот актер за првпат се отвори на тема развод, деца, Анџелина Џоли и зошто всушност се случи оваа цела драма по 12 години поминати заедно.
„Претерано многу пиев. Едноставно, стана проблем. И навистина сум среќен што помина половина година како сум трезен, која е слатко-горчлива, но сега конечно можам свесно да си ги почувствувам прстите на рацете.“
Кога му било поставено прашањето зошто и како престанал, Бред кратко одговорил: „Повеќе не сакав така да живеам.“
„Мислам дека освоив лотарија, а сепак решив да го трошам времето на тие празни стремежи.“
Исто така открива дека заради преголема така и осаменост во големата куќа каде живеел со Анџелина и нивните 6 деца, откако си заминале, буквално спиел на под кај негов пријател во Санта Моника, само за да не се чувствува осамено.
„Вистина е дека бев беспомошен кога центарот за детска грижа ме контактираше. Знаете, после тоа, заедно се трудиме да откриеме што ќе правиме. Го слушнав мојот адвокат како еднаш вели: Никој нема да го добие овој случај, едноставно се работи за тоа кој ќе биде помалку, а кој повеќе повреден. И очигледно е вистина.“
М. Д. | Црнобело