Сите детали за разводот на Џоли-Пит: Анџелина го измислила неверството, Бред е позагрижен за децата од неа

Бред Пит е „бесен“ што Анџелина Џоли поднела барање за развод, потег кој тој смета дека може да ги стави во ризик нивните деца.

bred-pit-e-gneven-zaradi-izjavite-deka-e-losh-tatko-i-ja-izneveruval-dzoli-so-marion-01.jpg

Извори блиски на Пит откриваат дека актерот е гневен на Анџелина Џоли, бидејќи почнала да шири приказни дека тој е потенцијален ризик за нивните деца поради проблемите со гнев и злоупотреба на супстанции.

Пит, според блиските извори, изјавил дека Џоли со тоа ги „отворила вратите на пеколот“, бидејќи сега целото семејство е цел на папараците.

Последните неколку дена, Пит ја молел Џоли да се справат со разводот како „возрасни“, да го задржат во тајност за доброто на нивните деца, но наместо тоа, Џоли решила да го прикаже Пит како ризичен татко и побарала само таа да има физичко старателство над децата.

Џоли, од друга страна пак, побарала развод од Пит „за здравјето на целото нивно семејство“, после две години брак.

Актерката поднела документи за развод во понеделникот, повикувајќи се на непомирливите разлики како причина за разделба и побарала физичко старателство над 6-те деца, Медокс (15), Пакс (12), Захара (11), Шајло (10) и близнаците Вивиен и Нокс (8).

bred-pit-e-gneven-zaradi-izjavite-deka-e-losh-tatko-i-ja-izneveruval-dzoli-so-marion-3.jpg

Извор близок на двојката изјави дека Џоли донела одлука за развод поради начинот на кој Пит ги воспитува децата и бидејќи таа била крајно вознемирена заради неговите методи. Истиот тој извор тврди дека на Џоли ѝ „било преку глава“ од консумацијата на Пит на марихуана, веројатно алкохол и проблемите со гневот.

Понатаму, изворот вели дека Пит воопшто не бил информиран за намерите на Џоли, туку дознал од неа еден ден пред да ги поднесе правните документи за развод. Пит, наводно, го посетил својот адвокат неколку часа откако истото го направила и Џоли со нејзиниот адвокат.

Пит и Џоли ја започнаа нивната врска во 2005-та година откако се запознаа за време на снимањето на филмот „Mr & Mrs Smith“.

Друг извор, тврди дека Џоли се одлучила за развод откако открила од приватен детектив дека Бред Пит ја изневерува со Марион Котијар, колешката со која заедно го снимаат филмот „Allied“.

bred-pit-e-gneven-zaradi-izjavite-deka-e-losh-tatko-i-ja-izneveruval-dzoli-so-marion-1.jpg

Џоли била љубоморна до тој степен што целосно одбивала да разговара со француската актерка откако ја запознала за време на снимањето на филмот.

„Анџелина целосно ја игнорираше Марион за време на снимањето и кога Марион се обиде да разговара со неа, таа само го сврти својот поглед“ - изјавил изворот.

„Марион била разочарана. Таа цело време размислувала за тоа како ќе го запознае еден од најголемите амбасадори на ОН, а наместо тоа, Анџелина одбивала да разговара со неа само заради неоснована љубомора“ - продолжува.

Инаку, изворот тврди дека шпекулациите за врската меѓу Пит и Котијар се целосно неосновани, односно „100% лажни“.

Пит моментално најмногу е загрижен за нивните деца. „Не сака да чита ништо лошо за себе или за Џоли“ - вели изворот.

Котијар е во врска со актерот и писател Гијом Кане уште од 2007-та година, а парот има и 5-годишен син, Марсел.

Џоли, која ја претставува Лора Васер, не бара парична поддршка. Васер неодамна го претставуваше Џони Деп додека се разведуваше од Амбер Херд.

Анџелина Џоли поднесе документи за развод од Бред Пит на 15-ти септември 2016-та година.

Двојката не е видена заедно во последните неколку месеци, а заедно на црвениот тепих се појавиле минатата година во ноември.

bred-pit-e-gneven-zaradi-izjavite-deka-e-losh-tatko-i-ja-izneveruval-dzoli-so-marion-4.jpg

Извор на двојката тврди дека „Џоли е сè уште вљубена во Пит и дека разводот бил многу тешка одлука за неа“.

Што се однесува до начинот на воспитување, истиот извор тврди дека „Бред отсекогаш бил построг. Тој сакал децата да се водат по одредени правила и често знаел да им свика. Анџелина била порелаксирана и дефинитивно никогаш не им викала на децата“.

Адвокатот на Џоли изјавил дека „Џоли не сака понатамошно да коментира за разводот и сака да го држи во приватност“.

bred-pit-e-gneven-zaradi-izjavite-deka-e-losh-tatko-i-ja-izneveruval-dzoli-so-marion-2.jpg

Пит за Dailymail изјавил: „Многу сум тажен, но она што е најважно моментално е добросостојбата на нашите деца. Го молам печатот да даде малку простор во овој момент“.

Котијар исто така тврди дека „не сака да биде вклучена во ситуацијата, бидејќи таа е среќна со Гијом и не сака да слушне дека некогаш го изневерувала со Пит“.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли има нов дечко - 9 години помлад рапер Дали Анџелина Џоли навистина пронајде љубов после Бред Пит? Која карактеристика ...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg