Времеплов во љубовта на Бренџелина
- Детали
- петок, 17 март 2017
Официјално дојде крај на ерата на Бренџелина, една декада исполнета со љубов, деца, скандали и на крај се заврши на уште поскандалозен начин. Гласини за малтретирање на децата, неверства и тежок развод. Сите бевме сведоци на нивниот многу страстен почеток и наизглед совршен живот.
Еве неколку ситуации во кои Анџелина Џоли и Бред Пит изгледаа совршено заедно:
1. Нивниот прв заеднички филм “Mr. & Mrs. Smith”
Парот имаше драматичен почеток токму поради тоа што Бред Пит сè уште беше во брак со Џенифер Анистон. Но, хемијата помеѓу двајцата можеше да се забележи и преку екраните и како што подоцна се испостави не беше само добра глума. Џенифер Анистон се разведе од Бред Пит затоа што наводно актерот се заљубил во Анџелина уште додека снимале. Познатиот развод доведе до огромна популарност и заработка на филмот.
Анџелина и Бред заработија по 20 милиони долари секој од овој филм. Таа изјави дека секогаш се заљубува во актерот со кој снима филм. Најпрвин станале многу добри пријатели но после некое време како што кажува Анџелина во интервју во 2006 година, таа едвај чекала да оди на работа и да снима со него.
Двајцата имале и една многу жешка сцена во филмот, која подоцна била избришана заради експлицитната содржина, меѓутоа сцената може да ја видите овде:
2. Нивниот прв заеднички одмор
Анџелина, Бред и нејзиниот син Медокс, само два месеци после заедничката изјава на Бред и Џенифер дека се разведуваат официјално, се сликани од папараци на заеднички одмор. Тука официјално двајцата стануваат пар. Анистон дава интервју после неколку месеци за списанието Венити Фер во кое вели: “Светот беше шокиран, исто и јас.”
3. Заедничкото појавување на премиерата на филмот
Хемијата помеѓу двајцата беше неопислива. Кога била прашана Анџелина за нејзиното мислење за тоа што цел свет ја осудува нивната афера, таа кажала: “Пораснав доволно за да не се грижам што мислат луѓето за мојот љубовен живот. ”
4. Нивната заедничка фотосесија за списанието “W”
Веднаш по премиерата на филмот, Анџелина ја посвојува 6 месечната Захара од Етиопија. Парот прави фотосесија за списанието во кое глумат брачен пар од '60тите.
Анистон признава дека таа слика ѝ го скршило срцето и дека мисли дека тајмингот за сликите бил многу лош и дека само покажува колку тој е безобзирен.
5. Во почетокот на следната година Анџелина е бремена
Таа се појавува со стомаче во јавноста и официјално кажува дека е бремена со дете од Бред Пит. Нејзините две посвоени деца го менуваат презимето во Џоли Пит и Бред им станува легален старател.
Во мај таа ја раѓа Шајло и првите фотографии од бебето се продадени на “People” за 4 милиони долари.
6. До 2008 година, имаат посвоено уште едно дете и Анџелина раѓа близнаци
Најпрвин парот го посвојува Пакс од Виетнам а една година подоцна таа е бремена со близнаци. Таа вели дека не планирале и не очекувале, но сега ќе имаат 6 деца и се дефинитивно подготвени за предизвикот што следи.
Во јули, 2008 година сликите од близнаците се продадени на “People” за вртоглави 14 милиони долари, кои се донирани за фондација која им помага на децата низ светот.
7. Бракот сè уште не е приоритет за парот
Иако и двајцата се легални старатели, заедно ги одледуваат децата и живеат заедно веќе долг период, тие велат дека ништо не им недостасува и кога не се во брак. Дека се посветени еден на друг, а дали се во брак или не, не е толку важно.
8. Двајцата признаваат колку се заљубени еден во друг
Бред Пит изјавува за прв пат за списанието “Rolling Stone” дека уште на сетот на првиот филм се заљубил во Анџелина. Таа исто така изјавува дека е многу заљубена во Бред. Вели дека тој ја прифаќа таква каква што вистински е, покрај сите нејзини маани и дека тој ја комплетира како личност.
9. Во 2014 година, парот се венчава во Париз
Поради огромниот притисок од нивните деца, како доказ дека тие ќе останат заедно во иднина парот прави венчавка во Париз. Нејзиниот Версаче фустан беше исцртан од нејзините деца.
За време на нивниот меден месец, парот почнува да го снима филмот “By the Sea” заедно.
10. На премиерата на филмот тие изјавуваат дека се стабилни и среќни заедно
Првиот филм започна страсно, а во последниот глумат пар кој има сериозни проблеми во бракот. Анџелина во интервју кажува дека тие во вистинскиот живот немаат такви проблеми и дека се сакаат и нивната врска е стабилна.
11. Во Јули 2016, тие се видени последен пат заедно со нивната ќерка Шајло
Нивниот развод беше огромен шок токму поради тоа што во последните месеци пред разводот тие се видени во Камбоџа како се држат за рака, се смеат и изгледаат заљубено. Имаат премногу обврски на различни места. Бред Пит го снима филмот “Allied” а таа “First they killed my father” во Камбоџа. Меѓутоа точната причина за нивниот развод не се знае. Последен пат заедно се видени со нивната ќерка Шајло како влегуваат во продавница само два месеци пред разводот.
А. В. | Црнобело