Елеганцијата и возбудата на Кански низ црно-бели фотографии
- Детали
- петок, 20 мај 2016
Секоја година Канскиот филмски фестивал го собира најдоброто од филмовите, па и најголемите ѕвезди на денешницата. Од славни актери и актерки, до пејачки и модели, сите се собираат на едно место со сиот свој гламур и софистицираност.
Оваа година уште од самото отворање на фестивалот имавме можност да ги погледнеме сите славни собрани на едно место и со една единствена цел, да ги покажат својата елеганција и префинетост.
Некои од нив, како Блејк Лајви, променија повеќе свечени фустани, а некои пак, решија да не изненадат со голотија.
Имавме можност да погледнеме дури и како изгледаат ѕвездите во едно релаксирано издание...
Но, не треба да заборавиме дека покрај целиот тој гламур, изгледот на ѕвездите немаше да значи ништо, ако не беа професионалните фотографи и нивните апарати за да ја доловат оваа филмска свеченост.
Меѓу нив се издвои и фотографот Винсент Десаил кои ни го доловува Кански во прекрасни црно-бели фотографии, од различни агли, силуети...
Н. Г. | Црнобело