Ретки моменти од Кански каде ѕвездите се во опуштено издание (фото)
- Детали
- среда, 18 мај 2016
Сите имаме пристап до совршените фотки на ѕвездите кога се појавуваат на црвениот тепих и го преплавуваат интернетот.
Но, ретки се оние заробени моменти, кога тие не обрнуваат внимание на фото-објективите и се во целосно опуштена атмосфера, кога може да фатиме дел од нивното човечко, наспрема однесувањето на популарна ѕвезда.
Американскиот фотограф Грег Вилијамс ги фатил токму тие интересни моменти: вечера на трите пријателки Блејк Лајвли, Наоми Вотс и Сузан Сарандон, моментот додека ѝ прават маникир на Ева Лонгорија, а подоцна ја гледаме во насмеано друштво со Поранешниот сопруг Тони Паркер, дружбата помеѓу Џастин Тимберлејк и младата Ана Кендрик, обидите на Ашер да биде самиот фотограф...
69-от Кански филмски фестивал донесе дел од гламурот на Јужна Франција, беспрекорна елеганција и висока мода на црвениот тепих, но и вакви ретки моменти, овековечени низ црно-белата фото приказна.
Погледнете како ѕвездите се забавуваат...
(О)Милена | Црнобело