Се познавале 14 години пред да почнат врска – Љубовната приказна на Даниел Крејг и Рејчел Вајс, најтаинствениот холивудски пар

Се венчаа во тајност пред 13 години и до денес не откриваат ниту еден детаљ за свадбата. Што знаеме за љубовната приказна на „Џејмс Бонд“ и ѕвездата од The Mummy?

se-poznavale-14-godini-pred-da-pochnat-vrska-ljubovnata-prikazna-na-daniel-krejg-i-rejchel-vajs-najtainstveniot-holivudski-par01.jpg

Даниел Крејг и Рејчел Вајс се еден од омилените парови во Холивуд.

Во брак се веќе 13 години, а интересно е што се познавале повеќе од една деценија пред да почнат врска.

Актерот најпознат по улогата на Џејмс Бонд и актерката која се прослави со франшизата The Mummy не откриваат многу детали за приватниот живот, а веројатно ова е една од причините зошто го имаат едниот од најстабилните бракови во Холивуд.

Неколку детали за љубовната приказна на Даниел Крејг ги Рејчел Вајс:

Се запознале пред 30 години

Даниел и Рејчел се запознале во 1994 година, кога и двајцата глумеле во иста театарска претстава.

Иако им биле потребни 14 години за да почнат романтична врска, Рејчел вели дека уште на почетокот чувствувала некаква привлечност.

На истата тема, Даниел само има изјавено:

„Не би сакал да откривам, но штом сме заедно, тоа мора да значи нешто“.

Годината кога се запознале, Даниел Крејг се разведе од првата сопруга Фиона.

se-poznavale-14-godini-pred-da-pochnat-vrska-ljubovnata-prikazna-na-daniel-krejg-i-rejchel-vajs-najtainstveniot-holivudski-par-02.JPGДаниел со првата сопруга

Даниел и Рејчел повторно се здружиле во 2010 година, за филмот Dream House, каде што глумат брачен пар.

Тој период, Рејчел ја прекина врската со режисерот Дарен Аронофски, а до крајот на 2010-та почна врска со Даниел.

se-poznavale-14-godini-pred-da-pochnat-vrska-ljubovnata-prikazna-na-daniel-krejg-i-rejchel-vajs-najtainstveniot-holivudski-par-03.JPGРејчел и Дарен Аронофски

Се венчаа во тајност

Неполна година откако ја почнаа врската, Даниел и Рејчел се венчаа, но никој не знае ништо за свадбата, па ни за запросувањето.

Покрај тоа што се венчаа во тајност, и двајцата одбиваат да зборуваат за венчавката.

„Имавме приватна прослава за приватен повод… Вљубен сум и многу среќен и не сакам да зборувам повеќе.

Животот е долг и не сакам сега да откријам нешто за коешто подоцна ќе зажалам“, изјави Даниел кратко по венчавката.

se-poznavale-14-godini-pred-da-pochnat-vrska-ljubovnata-prikazna-na-daniel-krejg-i-rejchel-vajs-najtainstveniot-holivudski-par-04.JPG

Рејчел, пак, има изјавено дека пред врската со Даниел, воопшто не сакала да се венча.

„Едноставно, тоа не ми беше амбиција. Никогаш не сум ги разбирала романтичните комедии – а бракот е нивниот главен фокус.

Но, потоа само се случи, среќно сум омажена“.

se-poznavale-14-godini-pred-da-pochnat-vrska-ljubovnata-prikazna-na-daniel-krejg-i-rejchel-vajs-najtainstveniot-holivudski-par-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg