Храна, пластични операции - Кои се пороците на познатите личности?
- Детали
- сабота, 24 февруари 2024
Дрога, алкохол, пластични операции, па и прекумерно консумирање на храна се дел од пороците со кои се соочуваат бројни познати личности.
Во медиумите изгледаат совршено, а јавноста ги доживува и прифаќа како такви, пред сѐ поради гламурозниот живот што го водат и работата што ја работат.
Сепак, познатите личности не се без мани и најчесто имаат пороци.
Нездрава исхрана, прекумерно консумирање алкохол и некои други работи се типични за големите ѕвезди.
Кои се пороците на познатите?
Актерката Ума Турман не може да им одолее на цигарите.
фото: Инстаграм
Мелани Грифит важеше за една од најубавите актерки, пред чија убавина никој не остануваше рамнодушен, но во последно време не е така.
На 40 години ја направи првата пластична операција и целосно го трансформира својот изглед.
Поради честите посети на пластичниот хирург, таа беше цел на осуди и потсмев, а нејзината кариера претрпе големи последици.
По многубројните операции, има сѐ помалку понуди за работа.
фото: Инстаграм
Еден од членовите на семејството Кардашијан, Роб, не внимава на исхраната за разлика од неговите популарни сестри.
Роб со години води битка со килограмите, но минатата година почна да работи на себе и повеќе да внимава на исхраната, а со тоа и здравјето.
фото: Инстаграм
Актерката Линдзи Лохан многупати ја шокираше публиката со своето однесување.
Таа заврши и на рехабилитација за одвикнување од дрога и алкохол, а беше обвинета и за невнимателно возење, лажење полицаец, давање отпор при апсење и попречување во работата на полицајците.
Денес ужива во мајчинството и води мирен, семеен живот.
фото: Инстаграм
Кели Бенсимон има малку необичен порок.
Имено, оваа поранешна манекенка и ѕвезда на реалното шоу „The Real Housewives of New York City“ сака претерано да се сонча и не внимава на можните последици и советите на дерматолозите дека сонцето може да ја оштети кожата.
фото: Инстаграм
Актерката Дру Баримор почнала да консумира дрога многу млада.
Кога имала само 9 години, почнала да пуши цигари, а на 13 веќе била зависничка од алкохол и редовно консумирала кокаин, па била пратена на рехабилитација.
До 15 години успеала да се ослободи од овие зависности и нејзината кариера процветала.
фото: Инстаграм
Холивудскиот актер Бен Афлек важи за еден од најголемите љубители на коцката и е искусен играч.
Во 2001 години бил и на одвикнување од зависност од коцка, но недолго после тоа повторно се препуштил на овој порок.
Истовремено, јавноста е добро запозната со неговата битка со алкохолизмот.
фото: Инстаграм
С. Ш. | Црнобело