Нов (ризичен) тренд за слабеење и подмладување на славните – се изложуваат на температури до -130˚C
- Детали
- сабота, 20 јули 2024
Таканаречената криотерапија вклучува изложување на телото на екстерно ниски температури. Ова е третман што професионалните спортисти одамна го користат, но сега станува популарен и кај другите ѕвезди, за слабеење и подмладување. Но, дали е ефикасен и кои се ризиците?
Познатите личности постојано се во потрага по третмани за разубавување и подмладување, а изгледа дека новиот тренд е така наречената криотерапија.
Криотерапијата, едноставно кажано, е терапија со студ и вклучува изложување на телото на екстремно ниски температури.
Третманот веќе подолго време е популарен кај спортистите, како Кристијано Роналдо, бидејќи им помага во закрепнувањето по напорните тренинзи.
Некогаш се користи и како медицински третман за проблеми со кожата, некои видови рак и слично.
Сепак, во последно време, криотерапија станува популарна и кај ѕвезди кои не се спортисти и генерално немаат проблеми со здравјето.
За овој третман, тие го изложуваат телото на температура пониска од -130 степени Целзиусови, некогаш и до -200 степени Целзиусови.
Сепак, експертите предупредуваат за опасноста на овој третман ако го изведува нестручно лице или ако се изведува во несоодветни услови.
За третманите, славните влегуваат во комора која е како замрзнувач и веруваат дека со третманот ќе се подмладат, па и ќе се ослободат од вишокот килограми.
Даниел Крег има откриено дека додека го снимал Skyfall редовно ја користел терапијата, додека Кристијано Роналд има сопствена комора која ја платил половна милион долари.
Луис Хамилтон, пак, има откриено дека ја прави терапијата по секоја трка.
Наводно, редовното користење на третманот помага да се согорат дополнителни 500 до 800 калории дневно.
Пред да влезат во комората луѓето треба да ги заштитат дланките, стапалата и ушите, а носат и маска на устата и носот.
Има и комори кои се како базени, така што главата е на површината.
Остатокот од телото е изложен најчесто на течен азот кој може да достигне температура до -140 степени Целзиусови.
Третманот трае најмногу пет минути.
Постојат истражувања кои ја потврдуваат ефикасноста на третманот. Течниот азот, пак, подолг период се користи за локално третирање мали тумори на кожата.
Но, постојат и ризици.
Најчестите несакани ефекти се трнење на екстремитетите и црвенило на телото.
Исто така, лицата со дијабетес и проблеми со нервите не би требало да ја пробуваат терапијата.
Ако, пак, терапијата се изведува без стручен надзор, може да настанат и повреди.
Има случај каде што маж од САД добил таканаречени изгореници од мраз на стапалата бидејќи немал соодветна заштита.
Во друг случај, 71-годишен маж го правел третманот во комора која не била исправна и исто така се здобил со изгореници од мраз.
И Линда Еванџелиста се соочи со последици од сличен третман.
Таа направила процедура, позната како CoolSculpting, со која се таргетираат само одредени делови од телото, со цел да се намалат масните наслаги.
Во третманот, клетките сало се замрзнуваат до температура од -10 степени Целзиусови, а потоа телото природно се ослободува од нив.
Сепак, во случајот на Линда, масните наслаги се стврднале и ѝ го изобличиле телото.
И покрај огромниот ризик, бројни славни личности како Деми Мур, Џенифер Анситон и Џесика Алба, се опседнати со третманот.
Спирова С. | Црнобело