Едно дете им почина, двајцата беа со џуџест раст: Љубовта на актерот Ворвик Дејвис и сопругата траеше над 30 години

Актерот Ворвик Дејвис и неговата сопруга Саманта беа заедно повеќе од 30 години, сè до нејзината неодамнешна смрт. И двајцата беа со џуџест раст, а поради нарушувањето, едно дете им починало само девет дена откако се родило...

edno-dete-im-pochina-dvajcata-bea-so-dzhudzhest-rast-ljubovta-na-akterot-vorvik-dejvis-i-soprugata-traeshe-nad-30-godini-01.jpg

Можеби нема да се сетите кој актер е Ворвик Дејвис само ако го слушнете неговото име, но доколку пораснавте со серијалот Хари Потер, тогаш многу добро го знаете.

Ворвик се прослави со филмскиот серијал каде што глуми неколку улоги, вклучувајќи професор и гоблин.

edno-dete-im-pochina-dvajcata-bea-so-dzhudzhest-rast-ljubovta-na-akterot-vorvik-dejvis-i-soprugata-traeshe-nad-30-godini-13.jpg

Своето деби, пак, го има во друг популарен филмски серијал – Star Wars – каде што глуми суштество кое се нарекува Ивок (Ewok).

Актерот има џуџест раст, па често е избор за специфични ликови.

edno-dete-im-pochina-dvajcata-bea-so-dzhudzhest-rast-ljubovta-na-akterot-vorvik-dejvis-i-soprugata-traeshe-nad-30-godini-2.jpg

Во својата долга кариера, актерот се појавувал во бројни филмови и серии, а во сите овие години, покрај него беше неговата сопруга Саманта.

Но, за жал, Саманта почина на 17-ти април годинава, на само 53-годишна возраст.

Ворвик ја потврди веста за смртта на сопругата со емотивна изјава за BBC:

„Нејзината смрт остави огромна дупка во нашите животи. Ми недостасуваат нејзините прегратки.

Таа беше личноста на која ѝ се доверував и ми беше најголема поддршка во сè што правев во кариерата.

Таа имаше уникатен карактер, секогаш ја гледаше добрата страна на животот и секогаш се смееше на моите лоши шеги“.

edno-dete-im-pochina-dvajcata-bea-so-dzhudzhest-rast-ljubovta-na-akterot-vorvik-dejvis-i-soprugata-traeshe-nad-30-godini-05.jpg

Љубовна приказна на Ворвик и Саманта која траеше повеќе од 30 години:

По улогата во Star Wars, Ворвик ја доби главната улога во филмот Willow, и тоа на само 17 години.

На овој сет ја запознал сопругата Саманта која тогаш имала 16 години.

Веднаш се вљубиле еден во друг и почнале да се гледаат, а по четири години, во 1991-ва, се венчале.

edno-dete-im-pochina-dvajcata-bea-so-dzhudzhest-rast-ljubovta-na-akterot-vorvik-dejvis-i-soprugata-traeshe-nad-30-godini-07.jpg

Ворвик Дејвис има редок вид на џуџест раст, познат како Spondyloepiphyseal dysplasia congenita.

Саманта, пак, го имала најчестиот вид на џуџест раст, познат како achondroplasia.

Тие добиле три деца, но едно од нив наследило лоша комбинација од нивните гени, па починало.

edno-dete-im-pochina-dvajcata-bea-so-dzhudzhest-rast-ljubovta-na-akterot-vorvik-dejvis-i-soprugata-traeshe-nad-30-godini-10.jpg

Првото дете на Ворвик и Саманта, синот Лојд, починал само осум дена по раѓањето.

„Имавме момче, Лојд, кое ги наследи нашите нарушувања… а тоа е нешто со фатален исход. Нешто што бебе не може да преживее.

Но, Лојд живееше девет дена и беше многу убав“, има изјавено Ворвик.

edno-dete-im-pochina-dvajcata-bea-so-dzhudzhest-rast-ljubovta-na-akterot-vorvik-dejvis-i-soprugata-traeshe-nad-30-godini-11.jpg

Продоложува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
Познати личности од Македонија и светот што ги изгубивме во 2024-та Шенон Доерти ја изгуби битката со ракот, додека Лиам Пејн трагично загина на сам...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg