Едно дете им почина, двајцата беа со џуџест раст: Љубовта на актерот Ворвик Дејвис и сопругата траеше над 30 години

Парот имал и едно мртвородено бебе, а Саманта имала два спонтани абортуси пред да ги добијат децата Анабел и Харисон кои исто така се со џуџест раст.

edno-dete-im-pochina-dvajcata-bea-so-dzhudzhest-rast-ljubovta-na-akterot-vorvik-dejvis-i-soprugata-traeshe-nad-30-godini-08.jpg

Актерот Ворвик честопати има зборувано за здравствените проблеми што ги имаат со сопругата поради нивното нарушување.

„Гледате некој со џуџест раст и првото нешто што помислувате е дека е низок. Но, ова не е ни мал дел од предизвиците.

Може да биде полошо - може да го изгубите слухот или да завршите во инвалидска количка“, има изјавено тој.

edno-dete-im-pochina-dvajcata-bea-so-dzhudzhest-rast-ljubovta-na-akterot-vorvik-dejvis-i-soprugata-traeshe-nad-30-godini-03.jpg

Кога актерот се родил, на неговите родители им било кажано дека никогаш нема да оди и дека ќе живее најмногу до тинејџерските години.

А, низ детството, му биле направени неколку операции на нозете и стапалата за кои вели дека биле особено болни.

Актерот има откриено дека му се дислоцираат колковите, го болат колената, а секое утро се чувствува како да има грип.

edno-dete-im-pochina-dvajcata-bea-so-dzhudzhest-rast-ljubovta-na-akterot-vorvik-dejvis-i-soprugata-traeshe-nad-30-godini-09.jpg

Слични проблеми имала и сопругата – и нејзе ѝ биле направени бројни операции.

Но, во 2018-та, за време на рутинска операција, на Саманта ѝ се јавила сепса.

Тогаш лекарите му кажале на Воврик дека саканата нема да преживее, па тој и децата отишле да се збогуваат со неа.

edno-dete-im-pochina-dvajcata-bea-so-dzhudzhest-rast-ljubovta-na-akterot-vorvik-dejvis-i-soprugata-traeshe-nad-30-godini-6.jpg

Актерот има изјавено дека здравствените проблеми што ги искусуваат двајцата всушност ги зближиле.

А, откако Саманта ја преживеала сепсата, почнале да го живеат животот со полни гради.

„До денес Сем чувствува некои последици од сепсата, а да бидам искрен и јас исто.

Веќе не го земаме животот здраво за готово. Сега го ценам секој момент што го минувам со неа“ - изјави тој во една прилика.

edno-dete-im-pochina-dvajcata-bea-so-dzhudzhest-rast-ljubovta-na-akterot-vorvik-dejvis-i-soprugata-traeshe-nad-30-godini-04.jpg

Како пар, Ворвик и Саманта беа дел од многу организации за луѓе со џуџест раст и успешно ја сменија перцепцијата на јавноста за ова нарушување.

Тие имаат основано и своја добротворна организација во Англија која се фокусира на луѓето со џуџест раст.

edno-dete-im-pochina-dvajcata-bea-so-dzhudzhest-rast-ljubovta-na-akterot-vorvik-dejvis-i-soprugata-traeshe-nad-30-godini-02.jpg

Во последните години од животот, Саманта имала проблеми со одењето, но Ворвик имаше изјавено дека таа не дозволува ова да ја спречи да ужива во животот.

Не е познато која е причината за смртта на Саманта, но најверојатно се соочила со компликации поради нејзиното нарушување.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
Познати личности од Македонија и светот што ги изгубивме во 2024-та Шенон Доерти ја изгуби битката со ракот, додека Лиам Пејн трагично загина на сам...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg