Беше најубавата жена на светот, но сe деформираше од операции - Линда Еванџелиста со брутално искрени фотки
- Детали
- четврток, 17 февруари 2022
Нејзината убавина го одземаше здивот, но денес на 56 години нејзиното тело е деформирано од компликации при козметички процедури за слабеење и подмладување. Линда Еванџелиста одблиску брутално искрено покажа како изгледа нејзиното тело...
Линда Еванџелиста (56) беше уловена од папарацо фотографите деновиве за време на пазарење во Њујорк, во макси црна јакна и без шминка.
Некогаш најубавата жена на светот и најпознатиот модел, денес изгледа сосема поинаку. Таа и сега е убава жена, но сама вели дека нејзиното тело е деформирано.
Линда со години се криеше од очите на јавноста, но неодамна одлучи да стави точка на тоа и во интервју за магазинот People искрено проговори како била брутално деформирана, по неуспешни процедури за подмладување и слабеење.
Линда позираше искрено и покажа како изгледа нејзиното тело поради негативните последици од козметичката процедура која ја направила на себе пред 6 години.
Таа имала одреден тип на неинвазивна липосукција (CoolSculpting), но тоа резултирало со компликации и негативни ефекти, па нејзините масни наслаги наместо да се намалат се зголемиле.
Некогашниот модел направил 7 сесии од оваа процедура и тоа од август 2015 до февруари 2016.
Линда искрено ги прикажува масните наслаги кои ѝ се создале на телото:
Вели дека повеќе не планира да се крие: „Не можам повеќе да живеам вака во криење и срам. Едноставно не можам повеќе да живеам во оваа болка и подготвена сум конечно да зборувам јавно.“