Ева Лонгорија со синчето на гала настан во Париз - танцуваат и се забавуваат на црвениот тепих (фото)
- Детали
- вторник, 08 октомври 2024
Некогашната „очајна домаќинка“, Ева Лонгорија, блескаше на гала настан во Париз, каде го имаше најубавото друштво - својот 6-годишен син Сантијаго.
Холивудската актерка и продуцентка, Ева Лонгорија, го имаше најдоброто друштво на црвениот тепих, што може да го посака една мајка.
Таа на гала настан во Париз дојде со својот 6-годишен син Сантијаго.
За настанот организиран од Global Gift Foundation, чиј амбасадор е и Ева, таа го дотера момчето во смокинг со бела кошула.
За себе, пак, избра сребрен фустан, кој го искомбинира со дијамантски ѓердан, нараквица и прстени во истиот стил.
Ева првпат го води синот со себе на црвениот тепих на некој настан, а Сантијаго делува дека ужива во вниманието што го добива покрај својата мајка.
Освен што позираа за фотографите, тие и танцуваа заедно.
Инаку, Ева и нејзините колешки од „Очајни домаќинки“ пред само неколку дена одбележаа 20 години од прикажувањето на првата епизода од серијата што ги прослави.
Повеќе фотографии од гала настанот:
А. Ј. | Црнобело