Кралското семејство пак ѝ го скри лицето – Како Меган стана топ тема на Твитер по 40-тиот роденден на Хари?
- Детали
- вторник, 17 септември 2024
Дали Меган е отсечена од фотката со која кралското семејство му го честита роденденот на Хари или не? Ова е прашањето што твитерџиите го поставуваат деновиве, а познато е дека принцот и покрај сите скандали, сепак од најблиските ќе добие 10 милиони долари, кои ќе му решат многу главоболки.
Изминатите неколку години принцот Хари јавно водеше битка со членовите на своето семејство.
Им го сврте грбот, си замина од Англија, па преку книга и документарен филм раскажа за сите трауми што му ги приредувале најблиските.
Но, и покрај сите скандали, тие не го заборавија.
Во неделата (15.09) тој го прослави својот 40-ти роденден, а според пишувањата во британските медиуми, стана побогат за 10 милиони долари – пари што ги доби од своето семејство, иако им го сврте грбот и ги користеше сите средства за да ги оцрни.
Парите доаѓаат од неговата прабаба, односно мајката на кралицата Елизабета, која е позната и како Кралицата Мајка, која уште во далечната 1994-та година ставила во штеден фонд 25 милиони долари, наменети за нејзините правнуци.
Хари и Вилијам парите ги добија во две исплати: првата на нивниот 21-ви роденден, а втората на денот кога наполнија 40 години.
Според пишувањата во светските таблоиди, браќата добиле по 7,9 милиони долари за 21-иот роденден и уште по 10,5 милиони долари на 40-иот.
Инаку, иако се откажа од семејството, многу е веројатно дека Хари нема да се откаже од парите, особено ако се земе предвид дека со години наназад тој и Меган имаат финансиски проблеми и им е тешко да продолжат да го живеат животот на висока нога на којшто се навикнати.
Иако Хари доби официјална честитка од кралското семејство, твитерџиите и таблоидите брзо забележаа дека нешто не е во ред со фотката која беше објавена во честитката.
Јасно е дека за твитот е искористена фотката на Хари од посетата на Даблин во 2018-та година, но се чини дека од неа била отсечена Меган, за да делува дека насмеаниот принц е сам.
Од Бакингемската палата тврдат дека Меган не била отстранета од фотката, но тоа не ги спречи твитерџиите да се потсмеваат на нејзина сметка, особено, откако за време на преносот од погребот на кралицата Елизабета, лицето на Меган беше прекриено со огромна свеќа.
Секако, според многумина Меган нема потреба да биде на секоја фотка, иако таа се однесува како да го има главниот збор во врската, па така сосема е нормално што ја „изоставиле“ во роденденската честитка.
— VictoireRomy (@emerald88604982) September 16, 2024
„Нормално, секогаш треба да се отстранат љубоморните луѓе“;
„Па нејзе не ѝ е роденден“;
„Чекаше Хари да го земе наследството, сега ќе видиме колку брзо таа ќе го отстрани од животот“ - стои во дел од коментарите.
You should always cut out the jealous cancer pic.twitter.com/GmmSMNvxtU
— Prince & Princess of Wales (@TribesBritannia) September 16, 2024
Други пак се шегуваат дека не морало ниту да ја отстранат Меган, доволно било лицето да ѝ го прекријат со емотикон.
„Среќни... Продолжуваме понатаму“
https://twitter.com/Handurdealt/status/1835722149518029236
Б. С. Б. | Црнобело