Потекнува од Југославија, имаше клучна улога во „Касандра“ - Се сеќавате ли на батлерот Матијас?
- Детали
- петок, 19 април 2024
Се сеќавате ли на актерот Александар Милиќ Пијанковски кој ја толкуваше улогата на батлерот Матијас во Касандра, што ѝ помогна на злобната Ерминија да се ослободи од вистинската наследничка на Дон Алфонсо? Малкумина знаат дека станува збор за познат актер од Венецуела, кој е роден во Југославија.
Кон крајот на 90-тите кај нас вистински хит беше латино-американската сапуница Касандра, а меѓу големиот број актери што се појавуваа во неа беше и еден со југословенско потекло.
Неговото име беше впечатливо уште на воведната шпица затоа што не е карактеристично за тамошните простори. Па така под неговиот лик веднаш се одвојуваше името Александар Милиќ.
Александар Милиќ Пијанковски, беше познат актер во Венецуела, а малкумина знаат дека бил роден и израснал на нашите простори. Тој се родил на 13-ти април 1947-ма година во Приштина.
Како дете заедно со родителите се преселил во Венецуела, а во 60-тите години студирал во Националната театарска школа.
Стекнал голема слава во Венецуела како театарски актер, кој одиграл голем број претстави, а се појавил и во многу филмови.
фото: Youtube
Неколку години пред својата смрт во 1992-ра година година, Александар играл во сапуницата што ќе стане вистински хит во целиот свет.
Тој во Касандра ја толкуваше улогата на батлерот Матијас Осорио, таткото на Росаура, кој заедно со Ерминија, ќе ја однесе Касандра во циганскиот циркус, каде ќе ја замени со мртвата внука на Доринда.
фото: Youtube
За жал, Александар не дочека да види колкава слава ќе постигне оваа серија на просторите каде што бил роден и од каде што потекнува.
Тој починал во 1995-та година ненадејно од срцев удар, а серијата во Македонија и Србија ќе почне да се емитува една до две години подоцна.
Неговите колеги Кораима Торез и Хенри Сото дојдоа на овие простори и ги посетија обожавателите во тоа време.
Прочитајте и Фото-спомени од времето кога Касандра и Ранду дојдоа во Македонија – илјадници луѓе ги дочекаа
Б. С. Б. | Црнобело