Хајди Клум, кралицата на Halloween, се маскира во вонземјанинот E. T. + маските на гостите на нејзината забава (фото)
- Детали
- петок, 01 ноември 2024
Хајди Клум откри дека била потребна цела година за костимот за Halloween 2024 и трудот дефинитивно се исплатил. Во што се маскираа нејзините гости на веќе традиционалната забава?
Кралицата на Halloween – Хајди Клум – и годинава не разочара со својот костим.
Овој пат се инспирирала од еден од најпопуларните филмови од детството – E.T. the Extra-Terrestrial.
Хајди беше маскирана во женска верзија од популарниот вонземјанин, со долга руса перика, но и црн шешир.
Покрај неа беше сопругот Том Каулиц кој исто така беше маскиран во E. T.
Хајди сподели видео на Инстаграм на кое се гледа дека костимот изгледа и премногу реалистично.
На видеото се забележува дека лицето нa моделот е скриено во вратот на вонземјанинот, додека неговото лице се движи, односно може да трепка и да ја отвора устата.
Исто како на ликот во филмот, на показалецот на левата рака има светилка.
Кликнете ја објавата за да го изгледате видеото:
Хајди откри дека била потребна цела година за да се изработи костимот.
Инаку, секоја година, Хајди одржува забава за Ноќта на вештерките која веќе стана традиционална.
На годинешното 23-то издание на нејзината забава присуствуваа неколку славни личности.
Никол Шерцингер дојде во црн фустан и беше извалкана со „крв“, додека ќерката на Хајди, Лени, беше маскирана во суштество кое наликува на инсект.
За разлика од претходните забави, годинава немаше многу светски познати личности – повеќето само ги покажуваа нивните маски на Инстаграм.
Повеќе фотки од забавата на Хајди во продолжение:
Спирова С. | Црнобело