Сите фустани од отворањето на Канскиот филмски фестивал 2016
- Детали
- четврток, 12 мај 2016
Секоја година, Канскиот филмски фестивал се наоѓа на листата на гламурозни настани веднаш по Мет галата, овозможувајќи им на славните повторно да ја покажат својата смисла за елеганција и префинетост.
Помеѓу моделите, пејачките и филмските ѕвезди, сосема очекувано е да има голем број на модни погодоци, па оваа година може да се каже дека никој не се штедеше и не го чуваше најдоброто за крај.
Блејк Лајвли во само еден ден промени црвен комбинезон и гол фустан, иако е бремена. Ева Лонгорија ги истакна облините во беспрекорно бел фустан. Викторија Бекам се одлучи за „машки“ изглед во црн комбинезон.
Сите фустани од отворањето на Кански, во продолжение:
М. Д. | Црнобело