Од 7 години носи хиџаб, живеела во бегалски камп: Која е Равда Мохамед, уредничката на Vogue?
- Детали
- недела, 21 април 2024
Нејзините родители биле толку сиромашни, што ѝ купувале само еден фустан годишно. Откако од Сомалија пребегале во Норвешка, децата во училиштето стоеле покрај неа да гледаат дали ѝ тече црно од рацете. Што знаеме за Равда Мохамед, првата уредничка на Vogue која носи хиџаб?
Сомалиската манекенка и модна инфлуенсерка, Равда Мохамед, е уредничка на скандинавското издание на магазинот Vogue.
Ќерката на сиромашни бегалци од Сомалија, денес е една од највлијателните жени во модниот свет.
Која е Равда Мохамед?
Со само 28 години, Равда може да се пофали со титулата уредничка на скандинавскиот Vogue.
Родена е во Сомалија, во сиромашно семејство, со кое живееле во шатори.
Веќе на 7 години почнала да носи хиџаб и денес не се појавува без него во јавноста.
Со семејството изабегале од земјата кога била дете.
Но, пред да се преселат во Норвешка, каде што живее и денес, поминале неколку месеци во бегалски камп во Кенија.
Во тоа време, нејзините родители биле толку сиромашни, што таа добивала само еден фустан годишно, и тоа за Рамазан Бајрам.
„Бев опседната со новиот фустан. Шетав од шатор до шатор и го покажував на сите. Кога имаше свадба, ќе влезев скришум во шаторот за да ги гледам шарените фустани што ги носеа жените.
Модата отсекогаш ми помагала во тешките ситуации“, рекла Равда во една пригода.
Животот не ѝ станал полесен откако се преселила во Норвешка.
Децата од училиштето ја малтретирале, ја исмевале, злоставувале и била цел на расистички напади, најмногу поради бојата на кожата и тоа што носела хиџаб.
Некои деца пробувале да ѝ го симнат хиџабот насилно, а професори ѝ го земале за да не го носи на часовите.
Таа вели дека кога миела раце на училиште, децата се собирале околу неа за да видат дали ќе тече црна боја.