Трудничкото стомаче на Блејк Лајвли ѕиркаше од голиот фустан на црвениот тепих на Кански
69-от Кански филмски фестивал започна со стил, а меѓу повеќето ѕвезди кои се појавија таму, неколку дами го предводеа гламурот на првата вечер.
Холивудските ѕвезди пристигнаа на црвениот тепих во „Palais des Festivals et des Congrès“ на француската ривиера за отворањето кое започна со проекцијата на филмот на Вуди Ален „Cafe Society“.
А, меѓу сите нив, Блејк Лајвли уште еднаш посебно блесна пред фотоапаратите.
На црвениот тепих пристигна во впечатлив златен фустан со монистри на Versace, а преку него покажа дека трудничкото стомаче веќе јасно се забележува.
28-годишната актерка до крајот на вечерта се префрли од прекрасниот светкав фустан во црн фустан како капут со пердуви.
Н. Г. | Црнобело