Модни трикови од инфлуенсерки: Како да изгледате одлично со обична маичка?
Изберете едноставна, долга маичка, која ќе можете да ја носите како фустан, па комбинирајте ја со дизајнирани хулахопки за да не изгледа како да сте заборавиле да облечете панталони или здолниште, туку дека намерно сте се решиле за ваков изглед.
Обичната маичка може да биде многу тренди и да изгледате одлично во неа, само ако знаете како да ја комбинирате.
Па, за да не бидете како сите останати, ова се неколку совети како да носите едноставна маичка:
Kомбинирајте маичка со фустан
Комбинацијата на еднобојна маичка со едноставен фустан во една боја и патики или рамни сандали секогаш е во мода.
Решете се за ваква комбинација кога ќе кога сакате да оставите впечаток на лежерност и ноншалантност.
Плетена маичка
Ретко кој има плетена маичка во својот плакар - повеќето луѓе имаат куп плетени џемпери, но не и маички.
Сепак, купете барем една (или некој нека ви сплете), бидејќи ова парче оди одлично и на фармерки и со здолниште, а делува многу кул.
Комбинирајте маичка со корсет
Корсетите долго време се користеа само како долна облека, но денес им се омилени парчиња на многу жени.
Ако сте една од нив, експериментирајте така што ќе облечете корсет врз обична маичка.
Ваквата екстравагантна комбинација ќе направи да изгледате впечатливо и интересно.
Носете маичка како фустан
Изберете едноставна, долга маичка, која ќе можете да ја носите како фустан.
Комбинирајте ја со дизајнирани хулахопки за да не делува како да сте заборавиле да облечете панталони или здолниште, туку дека намерно сте се решиле за ваков изглед.
Маичка со отворен грб
Можеби нема да ви се допадне на прво гледање, но дајте ѝ шанса и пробајте како ќе ви стои, бидејќи маичката со гол грб е многу ефектна, посебно на фотки.
Комбинирајте маичка со блуза со долги ракави
Трендот од 1990-те повторно е во мода, а тоа е носење маичка со кратки ракави врз блуза со долги ракави.
Секогаш избирајте поширока маичка, а блузата со долги ракави нека е потесна, и сето тоа комбинирајте го со впечатлив накит.
Изберете модели со необични ракави
Ако еднобојната маичка има впечатливи ракави, таа нема да биде едноставна, напротив, ќе делува многу необично и впечатливо.
Па, следниот пат кога ќе тргнете во шопинг, побарајте некој ваков модел со интересни ракави.
А. Ј. | Црнобело