Бои на облека со кои никогаш нема да погрешите, дури и кога не се во мода
Без разлика на буџетот кој ќе го одвоите за купување гардероба, боите кои ги избирате секогаш ќе имаат најзначајно влијание врз тоа колку елегантно ќе изгледаат вашите парчиња облека.
Постојат неколку бои кои секогаш ќе изгледате впечатливо, без разлика дали се во тренд или не.
Погледнете со кои нијанси секогаш ќе имате „поскап изглед“:
Жолто-кафена (каки) боја
Без разлика дали ќе изберете потопли тонови или потемни, оваа нијанса нашироко се смета за класика, при што немате простор за грешки.
Маслинесто зелена
Маслинесто зелените тонови самите по себе изгледаат луксузно. Овие тонови изгледаат скапо во различни ткаенини, вклучувајќи лен, сатен или памук.
Бледожолта
Носете ја самостојно или комбинирајте ја со потемни нијанси, секако ќе изгледате впечатливо.
Сина нијанса
Покрај црното и белото кои сите ќе се согласите дека добро прилегаат на секое парче облека, треба да ѝ се даде шанса и на сината.
Оваа боја може да ја комбинирате речиси со сè што ја комбинирате и црната.
Крем нијанса
Крем нијансата е потопла од белата и има тенденција многу често да даде и „поскап изглед“.
Кафеава
Друга алтернатива на црната која изгледа исто толку елегантно, е кафеавата. Богатите кафени нијанси ќе ви дадат впечатлив изглед, особено ако се во комбинација со кадифе или сатен.
Бордо
Не мора оваа боја да ја користите само за чевли или чанти. Блеснете во облека во бордо боја со која секогаш ќе бидете елегантни.
М. Ѓ. | Црнобело