7 тренд бои со кои оваа есен ќе изгледате побогато и елегантно
Полека, но сигурно, се подогтвуваме за претстојната есенска сезона. Па, ако сте во потрага по идеи за да го „освежите“ вашиот плакар, тогаш погледнете за кои бои да се одлучите за да изгледате побогато и поелегантно.
Како што продавниците се полнат со есенска облека, така почнуваме да размислуваме за тоа дали и со кои нијанси треба да го „освежиме“ нашиот плакар.
Па, во есенската сезона, некако сите се одлучуваме за некои топли тонови, кои истовремено се пријатни за носење, но и безвременски.
Погледнете кои бои ќе бидат доминантни за есен 2024, па подгответе ја вашата наредна шопинг-листа.
Тренд бои со кои оваа есен ќе изгледате „побогато“:
Кафеава
Богатите чоколадни нијанси секогаш изгледаат елегантно, особено кога ги носите од глава до петици.
Беж
Разновидна и елегантна, беж е далеку од здодевен избор на боја.
Морнарска
Иако црната секогаш е во мода, добро е да одберете и „помек“ пристап ако се одлучите за морнарски нијанси.
Портокалова
Светлите портокалови нијанси секогаш доаѓаат сами по себе кога ќе започнат постудените месеци.
Бургунди
Во есенските месеци, речиси невозможно е да се одолее на оваа бургунди нијанса на темно вино.
Крем нијанса
Одлучете се за посветлата страна на есенските дизајни и изберете крем нијанси со различни текстури.
Сива
Сивите тонови изгледаат посебно кога се носат со кожени додатоци.
М. Ѓ.| Црнобело