„Ме притисна до ѕидот и ми ја стави раката врз половиот орган “ – Асистентка го обвини Вин Дизел за сексуално вознемирување
- Детали
- петок, 22 декември 2023
„Ја соблече долната облека и мастурбираше пред мене“ – Асистентка на Вин Дизел, го обвини актерот за сексуален напад што се случил пред 13 години. Според нејзините тврдења, таа била нападната од актерот додека била во неговата хотелска соба.
Ѕвездата на филмските хитови Fast & Furious е обвинет за сексуално малтретирање од страна на поранешната асистентка Аста Џонасон.
Таа тврди дека била вработена од продукциската куќа One Race Films за да биде асистентка на актерот, додека работеле на снимањето на филмот Fast 5 во Џорџија.
Според документите објавени во TMZ, Аста тврди дека таа била во хотелската соба на Вин Дизел во Атланта додека тој се забавувал со повеќе жени.
Кога жените си заминале, таа требало безбедно да го извади актерот од хотелот за да ги избегнат папараците. Но, таа тврди дека додека сè уште биле во собата, актерот ја грабнал, почнал да ја допира за градите и ја бакнал...
Аста вели дека се трудела да се ослободи, но тој сакал насилно да има секс со неа.
Тој ѝ го кренал здолништето и се обидел да ѝ ја соблече долната облека, па потоа ја притиснал на ѕидот и ѝ ја ставил раката на неговиот полов орган.
Наводно, по ова актерот ја соблекол долната облека и почнал да мастурбира пред неа, по што таа ги затворила очите за да не гледа што се случува.
Според тврдењата, кога Вин завршил со чинот, се облекол и ѝ рекол:
„Никој не смее да каже ништо лошо за Аста“ – по што излегол сам од собата.
Неколку часа подоцна, сестрата на Вин, Саманта, која е претседател на продуцентската куќа One Race, ѝ се јавила на телефон и ѝ дала отказ, затоа што веќе не им била потребна нејзината помош.
Прочитајте и Заедно се 13 години, му простила неверство – Која е Палома Родригез, големата љубов на Вин Дизел?
Аста тврди дека била отпуштена затоа што не прифатила да има секс со актерот, а вели дека 13 години молчела затоа што стравувала дека Вин Дизел може да ѝ ја уништи кариерата и да ѝ направи проблеми во процесот на стекнување виза за престој во САД.
Во моментов таа ги тужи Вин Дизел, сестра му и продукциската куќа за сексуален напад, неоправдан отказ и мобинг.
Адвокатот на Вин Дизел тврди дека актерот првпат слуша за ваков напад и тоа од асистентка која за него работела само 9 дена.
Прочитајте и Не го познава биолошкиот татко, гласини дека со Пол Вокер биле во лоши односи – Факти за Вин Дизел
Б. С. Б. | Црнобело