-->
Палома Хименез и Вин Дизел се заедно цели 13 години и имаат 3 деца. Се запознале уште пред тој да стане славен, а наводно за неверствата таа му се одмаздила така што стапила во брак со друга девојка.
Ако во Fast and Furious Доминик Торето ја има Лети, на која ѝ е целосно посветен, во приватниот живот Вин Дизел ја има Палома Хименез.
-->
Вин Дизел (54) ретко говори за својот приватен живот, но познати се неколку факти за неговата љубов.
Не се знае дали се во брак – заедно се 13 години и имаат 3 деца, но кога и да се говори за нив, Палома ја именуваат како негова девојка, а не сопруга.
„Таа ми е сè во животот. Таа е мојата потпора и е добра мајка“ – со овие зборови актерот ја опишува својата партнерка.
-->
-->
Се претпоставува дека тој и Палома се запознале во 2000-та година, уште пред актерот да стане славен со серијалот Fast and Furious.
-->
Пред да ја официјализира врската со Палома во 2007-та година, медиумите тврдеа дека актерот е во врска со неговата филмска партнерка Мишел Родригез, позната како Лети.
Не се знае во какви односи се Палома и Мишел, но се знае дека Вин е мошне близок со неговата филмска колешка и наводно бивша девојка.
-->
Според некои информации, кога Вин за првпат ја видел, веднаш се вљубил во Палома. Таа на почетокот не сакала врска со него затоа што сметала дека е многу стар за неа, но актерот не се откажувал и продолжил да ја шармира сè додека конечно не ја освоил.
Во 2008-ма тие го добија првото дете заедно. Во моментот кога Палома се породувала со Ханиа Рајли, Вин бил на снимање, а покојниот Пол Вокер го наговорил да оди и да биде со неговата сопруга. Ќерката Ханиа исто така се појавува и во филмот Fast & Furious Spy Racers од 2019-та година.
Уште 7 факти на следната страница...
Би можело да ве интересира: