Што прават денес ликовите од ТВ серијата „Gossip girl“?
- Детали
- понеделник, 05 октомври 2015
ТВ серијата „Gossip Girl“ започна да се прикажува во септември 2007-та година и многу бргу стана популарнa и омилена на голем број гледачи.
По цели 6 сезони откривме која беше славната „озборувачка“ чиј глас го позајми познатата актерка Кристен Бел која никогаш не се појави во серијата.
Серена, Блер, Чак, Нејт, Џени и Ванеса со години не забавуваа, а сега останува прашањето – што прават денес?
Лејтон Мистер (Блер Волдорф)
Мистер одигра уште неколку филмски улоги, меѓу кои и во филмот „Монте Карло“ заедно со Селена Гомез и издаде неколку песни, а сега светлото од рефлекторите го замени со мирен семеен живот. Се венчаше за актерот Адам Броди и на 4 август 2015-та година го добија прво дете, Арло Деј.
Блејк Лајвли (Серена вад дер Вудсен)
За време на снимањето на серијата таа стана муза на бројни модни дизајнери, а светот го освои со својот елегантен вкус за мода. По снимањето на серијата Лајвли многупати се појави на филмското платно. На сетот за „Green Lantern“ го запознала Рајан Рејнолдс со кој стапи во брак во 2012-та година, а во 2014 го добија своето прво дете Џејмс Рејнолдс.
Чејс Крафорд и Ед Вествик (Нејт Арчибалд и Чак Бас)
Славното дуо кое ги полуди девојките ширум светот и денес е нераздвојно во приватниот живот. Тие сега се во нови серии – Чејс доби улога во „Blood & Oil“, а Ед е во улога на сериски убиец за серијата „Wicked City“.
Тејлор Момсен (Џени Хамфри)
Малата Џени порасна во вистинска рок ѕвезда која има свој бенд „The Pretty Reckless“ и специфичен моден вкус кој вклучува кожни јакни, чизми, искинати панталони и хулахопки.
Пен Беџли (Ден Хамфри)
Популарниот „lonely boy“ успеа да ги освои сите девојки во серијата, да напише книга, а и да биде „озборувачката“ која ги пишува трачевите. Пен се запишал на факултет кога имал само 14 години, а по серијата се појави во неколку филмови меѓу кои и „Easy A“. Како и неговата сестра од серијата, тој е дел од рок бендот „MOTHXR“.
Мишел Тачтенберг (Џорџина Спаркс)
Злобната Џорџина беше причина за гнев на бројни гледачи, но со текот на времето нејзините сплетки станаа навика. Таа остана во телевизискиот бизнис и е дел од сериите „Sleepy Hollow“ и „Criminal Minds“.
Џесика Зор (Ванеса Абрамс)
Имаше голем број на моменти во кои никој не сакаше да ја гледа во серијата, но нема кој не се восхитуваше на нејзината убавина. Таа по серијата се појави во неколку мали улоги во популарни филмови меѓу кои, „The Internship“ и „Ted 2“.