Пропаста на ѕвездата од Baywatch, Јасмин Блит: Ја избркаа од серијата бидејќи била под наркотици постојано
- Детали
- сабота, 20 април 2024
„Од честото користење кокаин, имав инфекција на носот. А, кога го дував носот, ми излегуваа парчиња кожа“, има изјавено Јасмин Блит која се прослави со Baywatch, но се повлече од јавноста поради проблемите со зависноста.
Своевремено, Baywatch беше најпопуларната телевизиска серија. Се емитуваше повеќе од една деценија (од 1989 до 2001), а на врвот на популарноста, неделно ја следеле и по милијарда гледачи.
Истовремено, серијата ги лансира кариерите на неколку светски познати ѕвезди, како Памела Андерсон.
Но, за некои серијата како да била пропаст.
Актерката Јасмин Блит се прослави со серијата, но животот ѝ тргна во погрешна насока.
Неколку тажни детали од нејзиниот живот:
Беше зависна од кокаин
Јасмин почнала да користи кокаин со надеж дека ова ќе ѝ помогне да се справи со личните и емоционалните проблеми.
Дури и во периодот кога беше ѕвезда со цела армија фанови, таа барала утеха во дрогата.
Јасмин беше отворена за нејзината битка со зависноста.
Во 2003 година, таа напиша есеј за магазинот Glamour каде што зборуваше за нејзиниот проблем, изјавувајќи дека имало многу фактори кои придонеле за нејзината зависност.
Но, истовремено, се трудела максимално да се ослободи од порокот.
„Дел од мојот живот е постојаното обидување да се држам настрана од дрога. И, овој дел засекогаш ќе биде со мене. Но, сега сум среќна“, вели Јасмин, додавајќи дека почнала да учи да наоѓа среќа во малите нешта во животот.
Поради зависноста, беше отпуштена од Baywatch
Јасмин одела на снимања под дејство на дрога, а со ова им ја отежнувала работата на сите на сетот на серијата.
„Имавме проблем со Јасмин, која постојано се дрогираше. Не се појавуваше на снимање и создаваше многу проблеми.
Затоа моравме да ја отпуштиме – по некое време стана претешко да се справуваме со неа“, има изјавено Даглас Шворц, едниот од сценаристите на серијата.
Тој период, Јасмин беше и во врска со сценаристот Даглас, а зависноста ѝ создавала проблеми и овде.
Била на рехабилитација, но безуспешно
Пред врската со сценаристот, Јасмин се гледала со бизнисмен кој го запознала во центар за рехабилитација.
На почетокот имале врска на далечина бидејќи Јасмин морала да снима во Сан Франциско, додека дечко ѝ бил во Лос Анџелес.
Но, се соочувале со многу проблеми и поради ова таа ѝ се вратила на дрогата.
„Постојано слушав за луѓе кои се создадени еден за друг. И јас сакав таква љубов. Ми се смачи да бидам повредена.
Почнав да ја губам вербата во љубовта. Само сакав да се чувствувам подобро. И, знаев многу лесен начин да го постигнам тоа.
Беше како да нарачувам храна – се јавив (кај дилерот) и ми донесе кокаин до дома“.