Чудниот љубовен живот на Лана Дел Реј - Скромна свадба со водич на тури со крокодили, врска со полицаец
- Детали
- недела, 06 октомври 2024
Еден месец откако ја потврди врската, Лана Дел Реј се венча со 10 години постар водич на тури на крокодили. Направија скромна свадба на неговиот имот, во шатор. А, ова не е првпат пејачката да изненади со изборот на партнер…
Свадбата на Лана Дел Реј беше изненадување и за нејзините најголеми фанови, бидејќи пејачката се венча еден месец откако откри дека има дечко.
За разлика од повеќето познати личности кои избираат други ѕвезди за свои партнери, сопругот на Лана Дел Реј има необична професија.
Џереми Дуфрен има 49 години и работи како водич на тури со крокодили во Луизијана.
39-годишната пејачка и Џереми се венчаа минатата недела, а изминатиот викенд првпат беа забележани заедно по свадбата.
И двајцата во лежерно издание, Лана и Џереми беа фотографирани додека излегуваат од ресторан во Њу Орлеанс.
Иако свадбата беше изненадување, Лана веќе е позната по тоа што избира партнери нетипични за неа.
Во продолжение, детали од љубовниот живот на пејачката:
Бери Џејмс Онил
Од 2011 до 2014 година, Лана беше во врска со пејачот и текстописец Бери Џејмс Онил.
Во 2013-та, пејачка се појави со огромен дијамантски прстен, па почнаа да се шират гласини дека се свршиле. Но, веќе следната година се разделија.
Тогаш Лана изјави дека нема да открива детали за раскинувањето, додека Бери тврдеше дека дознал дека раскинале дури откако ги прочитал нејзините изјави во медиумите.
Подоцна самиот откри дека имал проблеми со депресија и инсомнија, па веројатно тоа било премногу за пејачката.
Франческо Каросини
Следниот дечко на Лана беше италијанскиот фотограф Франческо Каросини кој е и син на поранешната главна уредничка на италијанскиот Вог.
Иако честопати беа забележувани заедно, особено низ Италија, нивната врска траеше само една година.
G-Eazy
Во 2017 година, Лана беше во врска со раперот G-Eazy, чие вистинско име е Џералд Џилум.
Иако самите не ја потврдија врската, беа забележани неколкупати во јавност, но се разделија по околу четири месеци.