Чудниот љубовен живот на Лана Дел Реј - Скромна свадба со водич на тури со крокодили, врска со полицаец
Шон Ларкин
Лана Дел Реј беше во врска и со полицаец.
Во периодот 2019-2020 година, таа се гледаше со Шон Ларкин кој е полицаец, а има и свое реално шоу.
Тие не само што ја потврдија врската, туку и заедно присуствуваа на неколку важни настани, вклучувајќи ги и Греми наградите.
Шон има син и ќерка од друга жена, а додека беа со Лана изјави дека неговите деца биле во шок кога дознале за врската.
Иако изјавуваа дека се среќни, во март 2020 Лана и Шон се разделија. Сепак, тој истакна дека останале пријатели.
Клејтон Џонсон
Лана го запознала музичарот Клејтон Џонсон преку апликација за состанување и врската ја почнаа во 2020 година.
Иако тие не потврдија, извори блиски до парот тврдат дека и се свршиле.
Сепак, до есента во 2021-ва се разделија, што стана јасно откако Клејтон ги избриша сите фотки со пејачката.
Џек Доног
Врската на Лана и Џек е обвиена со мистерија, но според гласините, тие биле пар во 2022-ра.
Џек дури и сподели фотка со пејачката пред затвор во Чикаго.
Во описот само напиша „семејна посета“, па веројатно со Лана посетувале член од неговото семејство.
Еван Виникер
Не се познати многу детали ни за врската со музичарот Еван Виникер.
Но, според некои извори, Лана се свршила и со него, а беше забележана и со дијамантски прстен.
Нивната врска траеше околу една година, до средината на 2023-та, и не е познато зошто се разделиле.
Џереми Дуфрен
Сегашниот сопруг на Лана е десет години постар од неа и работи како водич на тури со крокодили во Луизијана.
Тој има свој бизнис и е татко на две деца од друга жена.
Не е познато кога ја почнале врската, но според нивните објави, се познаваат барем четири години.
Сепак, веројатно неколку години биле само пријатели.
Открија дека се пар пред околу еден месец, а се венчаа минатата недела.
Џереми е можеби најанонимниот партнер на Лана досега со едвај 4.000 следбеници на Инстаграм.
Со Лана се венчаа на неговиот имот, покрај пристаништето со неговите бротчиња.
Според фотките објавени на Daily Mail, церемонијата била скромна, со можеби 50-тина гости.
Фотки од скромната свадба на Лана и Џереми:
Спирова С. | Црнобело