Хејли Бибер со разголено трудничко стомаче, Џастин со спуштени панталони: Славниот пар првпат во јавност по веста за бременоста (фото)
- Детали
- среда, 15 мај 2024
Хејли Бибер го покажа трудничкото стомаче првпат откако со Џастин открија дека очекуваат бебе. Таа и пејачот успешно ја криеја бременоста скоро шест месеци, а во меѓувреме се шпекулираше дека на нивниот брак му дошол крајот.
Во периодот кога се ширеа гласини дека Хејли и Џастин Бибер можеби ќе се разделат, тие открија дека очекуваат бебе.
27-годишниот модел и 30-годишниот пејач ја криеле бременоста скоро шест месеци, а ги споделија убавите вести со фотки од нивното обновување на заветите.
Сега, првпат откако јавноста дозна за бременоста, Хејли се појави во јавност со трудничкото стомаче во преден план.
Во стилот на Ријана, Хејли носеше бела маичка која ѝ го открива стомачето, во комбинација со широк црн костим.
Џастин беше во неговото препознатливо лежерно издание со кратки панталони и маица. На една фотка, панталоните на пејачот се толку спуштени што му се гледа и долната облека.
Парот беше фотографиран како шета низ Лос Анџелес, а потоа и во нивниот автомобил.
Минатата година, и Џастин и Хејли изјавија дека би сакале да имаат деца, но Хејли ја истакна нејзината загриженост за нивната слава.
„Сакам деца, но многу ми е страв. Луѓето кажуваат секакви работи за мојот сопруг и моите пријатели.
Не можам да замислам да треба да се справам со овие луѓе и она што ќе го кажуваат за моето дете“.
Џастин, пак, изјави дека дефинитивно планираат да станат родители наредните неколку години, но сподели дека би сакал да може да се фокусира и на кариерата.
За потсетување, почетокот на врската на Хејли и Џастин беше малку бурна и тие дури и раскинаа.
Но, откако се смирија, само еден месец подоцна се верија. Се венчаа во 2018-та, а следната година направија и свадба.
Спирова С. | Црнобело