Како изгледаа најголемите ѕвезди пред да си купат холивудска насмевка?
- Детали
- вторник, 11 август 2015
Ништо не може да го расипе целосниот впечаток како жолти и нееднакви заби. За среќа, холивудските ѕвезди на располагање ги имаат најдобрите стоматолози, па преку ноќ можат да го решат овој проблем.
Ова се само дел од ѕвездите кои изгледаат многу подобро благодарение на новите холивудски насмевки:
1. Том Круз
На почетокот на кариерата, искривените заби беа заштитен знак на Том Круз. Но, само неколку години подоцна откако почна да снима големи улоги и филмови, проблемот беше решен. Сега важи за еден од најголемите шармери.
2. Викторија Бекам
Викторија Бекам е една од најкритикуваните жени на денешницата, посебно затоа што речиси никогаш не се смее. Во минатото веројатно тоа било заради проблематичниот пигмент на забите, но денес иако има беспрекорно бели заби и совршена насмевка, останува доследна на „навиката.“
3. Кристен Данст
Позната по својата прва сериозна улога во „Интервју со вампирот,“ а по оваа слика ќе ви стане јасно дека не била одбрана само заради талентот.
4. Линдзи Лохан
Заради бурниот живот и Лохан има проблем со пигментацијата на забите, па заради тоа многу пати досега си „купувала“ беспрекорно бела насмевка. Но, кај неа и таа не трае долго.
5. Николас Кејџ
Иако природата не му дала совршена насмевка, сепак стоматологот успеал.
6. Зак Ефрон
Од мало дете со раздвоени заби, до холивудски заводник. Во неговиот случај проблем беа само раздвоените преди заби. Се останато е природно.