Џастин Бибер со нова песна посветена на Селена Гомез (видео)
- Детали
- понеделник, 14 октомври 2013
Момчето по кое сите девојчиња лудуваат сепак е изгледа премногу заљубен во прекрасната Селена Гомез. Целиот албум е исполнет со романтични чувства и стихови.
Со синглот „Heartbreaker“ го отвори срцето и откри некои моменти од неговиот личен живот.
Дури успеа да предизвика и реакција од страна на дотогаш лутата Селена, која одбиваше да комуницира со него, но, сепак не одолеа, а да не ја искоментира оваа песна и неговата изведба на локалното радио Kiss 98.5, кога во едно интервју искоментирала дека ѝ се допаѓа и песната и неговата изведба, упатувајќи комплименти за него како пејач кој знае да ги изнесе своите чувства.
Кружат гласини дека по излегувањето на таа песна тие повторно комуницираат, а за тоа да го зацврсти, Џастин со новата песна оди чекор понатаму. Без сомневање ова ја отсликува неговата љубов со Селена, неговите силни чувства кои и покрај сè не избледуваат.
Дали ќе се согласите со претпоставките на медиумите останува да одлучите откако ќе ја преслушате „All that matters“