Анџелика Хјустон 6 години ја криела дијагнозата со рак + детали за врската со Џек Николсон што ја истрауматизира
- Детали
- четврток, 10 април 2025
Анџелика Хјустон откри дека пред шест години добила дијагноза за рак, а дека веќе четири години е здрава. Актерката е најпозната по улогата на Мортиша Адамс, но и бруталната врска со Џек Николсон кој постојано ја изневеруваше и, на крај, доби дете од друга жена додека беа заедно.
Актерката Анџелика Хјустон, најпозната по улогата на Мортиша Адамс од Addams Family, откри дека имала рак, како и дека ја победила болеста.
Во интервју за магазинот People, 73-годишната актерка вели дека ја добила дијагнозата во 2019 година, кратко по премиерата на филмот John Wick: Chapter 3 – Parabellum каде се појавува и таа.
„Тоа беше мошне сериозен момент за мене. Успеав да го преживеам и горда сум на себе. Ракот не беше нешто што го прифатив лесно.
Ми беше шок, но ме направи свесна за работите коишто не треба да ги правам, местата на коишто не треба да одам. Една од тие работи е да не го сфаќам животот премногу сериозно.
Па, кога ќе ми се укаже можност, се смеам и пробувам да не ги сфаќам работите многу сериозно“, вели актерката која не открива за каков рак станува збор.
„Сега сум добра. Поминаа четири години и ова многу ми значи. Многу сум горда на себе и имам многу среќа. Моите лекари беа прекрасни“.
Актерката го излекувала ракот пред четири години и иако се чувствува добро, вели дека редовно оди на прегледи.
Зa тоа како прославила кога дознала дека ја победила болеста, Анџелика вели:
„Само прошетав низ мојата градина и ги помирисав розите“.
Цели шест години, Анџелика успешно ја криеше битката од јавноста, но вели дека сега сaка да зборува за да им даде надеж нa другите во иста состојба.
„Некогаш не сакатe да зборувате од очигледни причини, но има многу да се каже и треба да се прослави фактот дека некој се изборил.
Животот е кревок и прекрасен. Исто така ве тера да мислите дека светот е голем, но можете да се справите со него. Дека сте подготвени за што и да се случи“.
И покрај битката со ракот, актерката остана активна, па покрај улогата во серијата Towards Zero, но и други серии, ќе ја репризира улогата и во следното продолжение на John Wick.
На љубовен план, Анџелика е сингл по смртта на нејзиниот сопруг – скулпторот Роберт Греам. Тие беа во брак од 1992 година, сè до неговата смрт во 2008-ма.
Парот немаше деца.
Во животот на Анџелика имаше уште една голема љубов – актерот Џек Николсон, со кого раскинуваше и се смируваше скоро 17 години бидејќи постојано ја изневеруваше и доби дете со друга жена.
Повеќе детали за бурната врска на следната страница…
Би можело да ве интересира:





