Педро Паскал во кул издание, покрај колешката (21) на која ѝ дијагностицираа аутизам за време на сетот на „The Last of Us“
- Детали
- вторник, 25 март 2025
„Откако добив дијагноза аутизам - многу ми олесни, тоа ми помогна да се разберам себеси. Ми дозволи да живеам без да се осудувам кога некогаш не можам да направам наједноставни секојдневни задачи, кои другите луѓе ги прават со леснотија“, искрено вели Бела Ремзи (21), ко-ѕвездата на Педро Паскал од серијата „The Last of Us“.
Педро Паскал и Бела Ремзи се појавија заедно на црвениот тепих на премиерата на втората сезона на серијата „The Last of Us“, базирана на видео игра.
Ко-ѕвездите изгледа имаат навистина пријателски однос, кој го воспоставија уште од првата сезона на оваа серија HBO од јануари 2023-та година.
Бела (21) и Педро (49) изгледаат кул и насмеани заедно.
Инаку, Бела отворено проговори дека ѝ бил дијагностициран аутизам за време на снимањето на серијата.
Таа вели дека член од екипата, кој имал дете со дијагноза од аутистичниот спектар, забележал слични симптоми кај неа и ја посоветувал да посети доктор, што довело и до формална дијагноза кај Бела.
„И порано сум размислувала на темата, но чувствував како да не сакам да кажам на глас за што станува збор.
Но, за време на снимањето на првата сезона од серијата ми беше дијагностициран аутизам“, изјави таа.
И додава дека отсекогаш се прашувала зошто чувствувала како да не припаѓа на одредено место, како на училиште и слично, и дека по дијагнозата се чувствува ослободено.
„Откако добив дијагноза многу ми олесна, тоа ми помогна да се разберам себеси.
Ми дозволи да живеам без да се осудувам кога некогаш не можам да направам наједноставни секојдневни задачи, кои другите луѓе ги прават со леснотија“.
Бела вели дека како маската да ѝ е тргната и дека сега ѝ е комфорно да зборува јавно за дијагнозата, која се случува да ви биде поставена и многу подоцна во животот, како кај неа.
Фотографии од премиерата:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





