Модна доминација на црвениот килим на сестрата на Педро Паскал, која е родена како машко (фото)
- Детали
- четврток, 14 ноември 2024
Се појави покрај брат ѝ со моќен фустан на црвениот килим... Лукс Паскал е родена како Лукас, а во 2021-ва година нејзиниот брат Педро јавно ја поддржа за транзицијата од маж во жена.
Педро Паскал (49) се појави на премиерата на филмот „Gladiator II“ во Лондон, каде вниманието го „украде“ неговата сестра Лукс.
32-годишната актерка направи вистинска модна доминација на црвениот тепих.
Таа зрачеше со сексапил во црн фустан од кадифе, со страничен отсечок.
Со насмевките и потезите тие покажаа дека се навистина блиски и поврзани.
Инаку, во 2021 година, Лукс Паскал откри дека е трансродово лице и се појави на насловната страница на популарен магазин од Чиле.
Педро ја сподели насловната страница, со опис: „Мојата сестра, моето срце, нашата Лукс“.
Лукс е родена како Лукас.
Како изгледала некогаш:
Педро има уште една сестра и еден брат, а Лукс е актерка и активист за правата на трансродните личности.
Kaко изгледа сега:
Прочитајте и Мајка му извршила самоубиство, 20 години пробувал да се прослави – Факти за Педро Паскал, актерот од Narcos
Модната доминација на сестрата на Педро Паскал:
С. С. | Црнобело