Плаќаат 75.000 долари: Кои правила ги следат познатите за ѕвезда на Булеварот на славните?
- Детали
- сабота, 12 април 2025
Откако ќе бидат избрани, познатите личности мораат да ја закажат церемонијата за поставување на ѕвездата во период од две години. Во спротивно, ќе треба одново да се номинираат.
Булеварот на славните е едно од најпознатите обележја во Холивуд, а за секоја славна личност е почест да добие своја ѕвезда.
Познатата атракција постои од 1960 година и оттогаш се ставени над 2.500 ѕвезди во чест на славни личности.
Иако секој слушнал за Булеварот на славните, постојат детали околу самата церемонија кои веруваме дека не ви се познати.
Дел од најзабавните во продолжение:
Секој може да номинира позната личност за ѕвезда на Булеварот
За една позната личност да биде номинирана, треба да е активна во забавната индустрија најмалку пет години и да има добиено номинации, но и награди.
Исто така, важно е зад себе да има и филантропска работа.
Најчесто славните се номинирани од нивните студија или продукциски куќи, но дури и обожавател може да прати номинација.
Сепак, потребен е и потпис од познатата личност дека ја прифаќа номинацијата.
Славните плаќаат за својата ѕвезда на Булеварот
За номинацијата се плаќаат околу 250 долари, а потоа познатата личност треба да плати и 75.000 долари за изработката и поставувањето на ѕвездата.
Дел од овие пари се користат и за одржување на Булеварот.
Некогаш славните добиваат донации за својата ѕвезда.
Постојат посебни правила за постхумна номинација
Некои славни личности имаат добиено ѕвезда на Булеварот по нивната смрт, како што беше случајот со актерката Кери Фишер.
Но, за постхумна номинација, треба да поминат најмалку две години од смртта.
Потребна е и дозвола од семејството на починатата славна личност, па дури потоа може да се постави ѕвездата.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





