Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Плаќаат 75.000 долари: Кои правила ги следат познатите за ѕвезда на Булеварот на славните?

Жири комисија избира кој од номинираните ќе добие ѕвезда

Секоја година, жири комисијата добива неколку стотици номинации.

Членовите на жирито се состануваат еднаш годишно, во јуни, и тогаш одлучуваат која од номинираните познати личности ќе добие ѕвезда.

Тие детално ја разгледуваат кариерата на секоја номинирана личност и ако ги исполнува критериумите, даваат дозвола да се постави ѕвезда во нејзина чест.

Секој член од жирито има „мандат“ од две години, кој може да биде продолжен на четири.

Откако ќе бидат избрани славните личности, има уште неколку формалности до поставувањето на ѕвездата, како издавање дозвола од општината.

pravila-shto-gi-sledat-poznatite-za-da-dobijat-dzvezda-na-bulevarot-na-slavnite-plakjaat-75-000-dolari-za-ceremonijata-05.JPG

Славните треба да ја закажат церемонијата во период од две години

Откако една позната личност ќе биде одбрана за ѕвезда на Булеварот, мора да ја закажи церемонијата за поставување во период од две години.

Потоа го губи правото да добие ѕвезда на Булеварот, но може да аплицира одново.

pravila-shto-gi-sledat-poznatite-za-da-dobijat-dzvezda-na-bulevarot-na-slavnite-plakjaat-75-000-dolari-za-ceremonijata-06.JPG

Славните не избираат каде ќе им се наоѓа ѕвездата

Иако познатите не можат да изберат, организаторите се трудат да им излезат во пресрет кога станува збор за местото на ѕвездата.

На пример, ѕвездите на Курт Расел и Голди Хоун се поставени една до друга бидејќи се пар.

Исто така, штом ѕвездата ќе биде поставена, нема опција да се отстрани или да се премести.

pravila-shto-gi-sledat-poznatite-za-da-dobijat-dzvezda-na-bulevarot-na-slavnite-plakjaat-75-000-dolari-za-ceremonijata-7.JPG

Изработката на ѕвездата трае околу четири денови

Ѕвездите на Булеварот се изработени од месинг и терацо.

Откако ќе се направи ѕвездата и ќе се испише името на славната личност, внимателно се проверува за печатни грешки.

Дури потоа ѕвездата се обложува со смеса за да биде отпорна на надворешни влијанија и за да се исуши потребни се околу четири дена.

pravila-shto-gi-sledat-poznatite-za-da-dobijat-dzvezda-na-bulevarot-na-slavnite-plakjaat-75-000-dolari-za-ceremonijata-8.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

14 славни мајки и ќерки кои се вистинска копија една на друга Каја Гербер е вистинска копија на својата славна мајка Синди Крафорд, а Рис Вите...
Славни личности кои ја пронашле сродната душа по 40-тата година Многумина би рекле дека Холивуд е познат по раскинувања и кратки бракови, но ови...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Ќерката на најсмешниот човек на светот, Мистер Бин, за несреќната младост: „Бев изгубена и со растур... „Тешко е да се пронајдеш себеси кога немаш пријатели и имаш распаднато семејство...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg